Руската полиција уапси четворица активисти за правата на хомосексуалците кои протестираа во Сан Петербург на денот на отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи 2014 година. За време на протестот во петокот, четири геј активисти развиорија транспаренти цитирајќи ја Олимписката Повелба за забрана на било каква форма на дискриминација. Демонстрантите, кои се собраа на Василиевскиот Остров во Сан Петербург, бргу беа обиколени од полицијата, според Наталија Цумбалова, локален ЛГБТ активист.
„Ние само дознавме дека 4 активисти за правата на хомосексуалците беа уапсени во Сан Петербург – вклучувајќи ја и долгогодишната пријателка Анастасиа Смирнова – заради истакнување слики на транспаренти кои се однесуваат на Принципот 6 од Олимписката повелба која гласи: „дискриминација е неспојлива со Олимпиското движење“.
Полицијата одбила било каков коментар.
Еден руски закон за забрана за геј „пропагандата“ од донесувањето привлече силна меѓународна критика и повици за бојкот на Игрите во Сочи од геј активистите и други.
Рускиот закон, исто така, забранува секаков вид несанкционирани протести и прекршителите можат да се соочат со казни или затворски казни.За време на протестот во петокот, четири геј активисти развиорија транспаренти цитирајќи ја Олимписката Повелба за забрана на било каква форма на д