РУСИЈА ВО ЖАЛОСТ: Слета авионот со телото на убиениот пилот!

Авион со телото на пилотот, кој беше убиен кога турските воздушни сили минатата недела го соборија рускиот воен авион, слета денеска во подножјето на Чкаловски, северно од Москва, соопшти Министерството за одбрана на Русија.Авион со телото на пилотот, кој беше убиен кога турските воздушни сили минатата недела го соборија рускиот воен авион, слета денеска во подножјето на Чкаловски, северно од Москва, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Авионот го дочекаа рускиот министер за одбарана Сергеј Шојгу и командантот на руските воздухопловни сили,  Виктор Бондарјев, пренесува новинската агенција ТАСС.
Авионот со телото на рускиот пилот Олег Пешков,  денеска полетал од аеродромот во Анкара и се насочил кон Русија.
Неговото тело, минатиот викенд,  беше префрлено од Сирија во јужниот дел на Турција, а потоа со авион во Анкара, наведува АФП.
Инцидентот, кој се случи на 24 ноември, два пилоти, кои беа во рускиот Су-24, откако авионот го нападнаа турски авиони Ф-16, и катапултираа и со падобран се спуштија на сириската страна од границата.
Пешков загина во неразјаснети околности, додека друг пилот Константин Мурахтин е спасен и неповреден, кој и даде изјава за руските медиуми.Авион со телото на пилотот, кој беше убиен кога турските воздушни сили минатата недела го соборија рускиот воен авион, слета денеска во подножјето

Пронајдете не на следниве мрежи: