Зад изградбата на прекрасната катедрала на Св. Василиј Блажен стои архитектот Јаковлев. Легендата вели дека по завршуавњето на ова дело, царот Иван Грозни го ослепил за да не може да изгради уште една ваква убавина која би ја споредувале со оваа катедрала.Според површината таа е најголема на светот, но нејзината престолнина, градот Москва брои повеќе од 10 милиони жители. Но, не станува збор само за Москва, тука се и Санкт Петербург, езерата, планините, историјата – се што ќе ви посака срцето. За подобро да ве запознаеме со убавините, големината и раскошот на Русија, одбравме 20 помалку познати работи за земјата на Достоевски, Толстој, Пушкин и други великани.
1. Хотелот Асторија се наоѓа во Санкт Петербург и е местото каде што Хитлер планирал да одржи забава откако ќе го превземел градот (тогаш наречен Ленинград).
2. Познатиот музеј Ермитраж е дома на 70 мачки кои поседуваат богатство од глувци.
3. Најпознатиот плоштад во Москва е Црвениот Плоштад. Неговот име не е поврзано со комунизмот. Всушност името доаѓа од рускиот збор “krasnyi” кој има две значења, црвен или красно.
4. Традиционалното јадење е пилешки нозе, кое сигурно нема да ви се допадне, но таму се приготвува многу често.
5. Кога ќе посетите одреден ресторан, бар, музеј или некое слично место, некој веднаш ќе се понуди да ја земе вашата јакна.
6. Пазете кога ќе сакате да подарите цвеќе. Секогаш треба да дарувате непарен број на цветови, бидејќи парен број на цветови се носи само на нечиј погреб.
7. Според статиститките на Светската здравствена организација, Русите се четврти по ред за конзумирање на алкохол. Пред нив се Белорусите, Молдавците и Литванците.
8. Верувале или не, зборот “вотка” доаѓа од зборот “вода”.
9. Мажите во просек живеат 65 години, додека жените живеат 10 години подолго.
10. Убавината на московското метро се смета за најубаво на целиот свет, но се зборува дека постои уште една тајна линија која поврзува воени бункери.
11. На мажите не треба да им претставува проблем да си најдат жена, бидејќи во Русија живеат 11 милиони повеќе жени од мажи.
12. Поевеќе од 50 % од полициските службеници земаат мито.
13. Туристите за разлика од домашните посетители плаќаат поскапи карти за разгледување на некои познати знаменитости и музеи. Тоа се смета за не фер постапка, но вие само насмевнете се кога ќе платите повеќе од Роман Абрамович.
14. Најубавата катедрала е Св. Василиј Блажени која била изградена од архитектот Јаковлев.
15. Русија има 11 временски зони, што се многу повеќе за разлика од други држави.
16. Руските и советските лидери знаат да бидат по малку необични. Михаил Горбачов снимил албум со балади, а Путин издаде ДВД во кое тренира џудо.
17. За време на СССР постоеле озлогласените галети (работни кампови) кои сега можат да бидат туристички атракции.
18. Во селото Ојмјакон е измерена најстудената зима во 1933 година. Температурата била 67,7 степени Целзјусови под нулата.
19. Руската олимписка делегација доцнела 12 дена на Олимписките игри во Лондон во 1908 година бидејќи го користеле Јулијанскиот календар.
20. Во Русија постои кафич каде пиењето е бесплатно, но затоа го плаќате поминатото време таму.
Според површината таа е најголема на светот, но нејзината престолнина, градот Москва брои повеќе од 10 милиони жители. Но, не станува збор само за