УАЗ го претстави подновениот теренец УАЗ „Патриот“. Познати се цените и дополнителната опрема на новото возило.Новиот УАЗ „Патриот“ доби промени во надворешниот изглед – нова решетка и нови фарови со лед-диоди, поголем логотип и хромирани елементи, пишува Quto.ru.
Внатрешноста претрпе многу поголеми промени – подобрена ергономија, контрола на климата, нов мултимедијален систем со екран на допир и мултифункционален волан. Исто така на располагање на возачот се и греење воланот, темпомат, камера за назад, систем за навигација и многу повеќе.
УАЗ „Патриот“ засега се нуди само со бензиски мотор со зафатнина од 2,7 литри и моќност од 135 коњски сили со петстепен менувач.
Теренецот се нуди во седум бои на каросеријата и четири вида опрема: „Стандард“, „Комфор“, „Стил“ и „Привилегија“. Цената на возилото се движи од 809 илјади рубли (околу 11600 евра). Најопремената варијанта ќе се нуди по цена од милион и 30 илјади рубљи (нешто повеќе од 14 илјади евра).Новиот УАЗ „Патриот“ доби промени во надворешниот изглед – нова решетка и нови фарови со лед-диоди, поголем логотип и хромирани е