Русите стигнаа на турската границата: Турција ги затвори Босфор и Дарданели

Војската на Руската Федерација распоредила неколку илјади војници (58­та армија), долж ерменско­турската граница.Според неименуваните извори, кои се врзани за Министерството за одбрана на Русија, пристигнала информација дека претседателот на Русија Владимир Путин, во консултациите со GHQ VRF се одлучил за итно распоредување на единиците на елитната 58­та армија на границата со Ерменија и Турција.
Во моментов на границата со Турција се појавиле избраните состави од оваа армија, опремени со најсовремено оружје и воена опрема, како и со зајакнати системи за против­воздушна борба со повеќе ракетни фрлачи и анти­тенковски средства.
Вкупниот број на распоредените сили, кои се наоѓаат во режим на зголемена борбена готовност, се проценува на околу 7.000 војници и офицери. Целата оваа борбена група ќе ја штитат елементите ZRK S­400, како и напредниот комплекс за PEB Krasuha­4.
 Според тврдењата на воените експерти, во координација со ракетниот полк S­400 распоредени во Сирија, Руската Федерација ефикасно ќе контролира речиси 85% од турскиот воздушен простор!
Главниот елемент на 58­та армија на Армијата на Руската Федерација, претставува оперативна група на здружените сили, одговорни за одбраната на јужните граници на РФ, со посебен фокус на Кавказ.
Има повеќе од 70.000 војници, а во својот арсенал има повеќе од 600 тенкови, 2.000 оклопни транспортери и неколку илјади единици на цевна и ракетна артилерија.
Се состои од единици во кои има високо­квалитетни и високо мотивирани лица, и кои имаат исклучително богато воено искуство. Припаѓаат во категоријата на елитните состави на Армијата на Руската Федерација.
Дали Турција ќе ги затвори Босфор и Дарданелите?
Во некои алтернативни медиуми се појавиле наслови дека Турција ги затворила Босфор и Дарданелите за руските бродови. Таквите информации прв ги открил сајтот Infovors на познатиот истражувачки новинар Алекс Џоунс.
Во случај ако овие вести се докажат како вистина тоа ќе значи дека Турција смета дека е во војна, односно дека е нападната.
Неколку дена пред објавувањето на овие извештаи, Русија официјално објавила дека затворањето на теснецот е невозможно. Турција не може да им забрани руските бродови да минуваат преку Босфор и Дарданелите, соопштил адмиралот на руската Црноморска флота, Виктор Кравченко.
Во согласност со Конвенцијата од Монтреал, потпишана во 1936 година, Турција добила контрола над теснеците Босфор и Дарданелите, меѓутоа, со истата Конвенција се предвидува дека затворањето на теснецот за странските бродови може да се изврши само ако Турција се најде во состојба на војна.
“Турција не може да ги затвори теснеците во Црното Море за руските бродови кои пловат за Сирија.
Тоа би било сериозно прекршување на меѓународното право, особено на Конвенцијата од Монтреал која ја потпишале повеќето нации”, изјави Кравченко.
Тој истакна дека Турција, дури и во Втората светска војна, кога била неутрална, не ги затворила Босфор и Дарданелите за бродовите на нацистичка Германија.Според неименуваните извори, кои се врзани за Министерството за одбрана на Русија, пристигнала информација дека претседателот на Русија Владимир Пу

Пронајдете не на следниве мрежи: