Во дебатната емисија која пред два дена се емитуваше на „Алсат-М“ телевизија во која учество земаа носителите на пратеничките листи на четирите најголеми партии, претставникот на ДУИ, Артан Груби со целата своја „елоквентност“ се обиде прашањето насочено за тоа кои се имињата на службите кои прислушкувале во Македонија, вината од своите Западни патрони да ја префрли врз одреден, мистериозен „евроазиски“ фактор.На ваквите небулозни, и во најмала рака хумористични изјави на Груби, кој припаѓа на партија која благодарение тому на Западните држави замешатели во Македонија, беше трансформирана од терористичка групација во политичка структура, реагираше и портпаролот на Амбасадата на Руската Федерација во Р.Македонија г-дин Станислав Лупин.
Пред некој ден со голем интерес ја следев предизборната дебата на “Алсат-М”. Браво,господине Груби! Сега конечно благодарение на Вашата изјава дознаваме за “влијание” на некои мистериозни сили во Македонија кои, ете, сакале да создадат безбедносни проблеми и да ги дестабилизираат и земјава, и регионот.
Симптоматично е сепак дека г-дин Груби не наведе никакви конкретни факти кои би ја поткрепиле оваа негова теза, само се повика на некои неименувани “политички истражувања”.
Мислам дека со истиот успех човекот би можел да даде изјава на пример за поткопувачки активности во Македонија од страна на вонземјани или пак на некои мистични сили.
Се создава впечаток дека ваквите небулози имаат за цел исклучиво да го оттргнат вниманието на граѓаните од вистинското мешање во внатрешните работи на Македонија од страна на извесни западни држави кое се слчува веќе повеќе години што отворено го признаваат, па дури и го поздравуваат одделни учесници во истата дебата на “Алсат-М”.
Фрапантни и неспорни факти за таквото мешање, а значи кршење на суверенитетот на Македонија им се добро познати на сите и нема потреба да се спомнуваат пак.
Секои избори кога-тогаш завршуваат. Убеден сум дека обидите на одделни почитичари по секоја цена да го привлечат вниманието на избирачите, па дури и на најекстравагантен начин, да бараат објаснување за актуелната криза во Република Македонија со активности на некои си таинствени “евроазиски сили”, соодветно ќе бидат сфатени од граѓаните со здрав разум и смисла за хумор – стои во изјавата на портпаролот на Руската Амбасада во Македонија, Станислав Лупин.На ваквите небулозни, и во најмала рака хумористични изјави на Груби, кој припаѓа на партија која благодарение тому на Западните држави замешатели