Киното Cineplexx во месец март и официјално ќе започне со директниот пренос на оперските изведби од Метрополитен театарот во Њујорк. На 01 март (сабота) со почеток во 18:00 часот ќе биде прикажана операта „Принц Игор“ од сезоната МЕТ 2013/14. Станува збор за познатата руска епска опера на Бородин, која повторно е поставена на репертоарот на МЕТ за прв пат по 100 години.
Театарот Метрополитен (Њујорк) и Cineplexx со гордост ви ја претставуваат операта „Принц Игор“. Новата продукција на Дмитри Черниаков е брилијантно психолошко патување низ умот на конфликтниот херој, користејќи го животот на рускиот народ како позадина на ова дело.
Бородиновата опера за владетелот од 12от век, кој ја штител Русија од нападите на Половецките сили, последен пат беше изведена на сцената на МЕТ во 1917 година. Познатиот руски режисер Черниаков дебитира во МЕТ со оваа опера, кој заедно со диригентот Џанандреа Носеда ја реконструираа врз основа на различните скици на Бородин кои останаа незавршени по неговата смрт.
За оваа експлозивна нова продукција на 43-годишниот режисер критичарите изјавуваат:
„Бородиновата прекрасна лиричност во преден план и дозволува на оваа опера да наликува на ода за рускиот национализам , а многу повеќе на молба за мирна, пост-модерна евро-американска свесност“.
Во првиот чин, втората сцена е исполнета со 12.500 булки кои одделот на МЕТ задолжен за сценографијата, ги изработи рачно.
Џанандреа Носеда е диригентот на оваа изведба, познат по своите „Половецки танци“.
Илдар Абдразаков ја пее насловната улога на руски херој од 12-от век. Во главната улога е и Оксана Дика која во Мет дебитираше како Јарославна, втората емотивно кршлива жена на Игор. Анита
Рачвелишвили е жестоката Половицка принцеза Кончаковна; Сергеј Семишкур дебитира во Мет како Владимир Игоревич, синот на Игор и љубовник на Кончаковна; Микхаил Петранко како принцот Галицки; и Штефан Коцан како воениот водач Кан Кончак.
МЕТ: ЖИВО ВО HD, успешната серија на преноси на операта „Метрополитен“ во кината ширум светот, за сезоната 2013-14 ни подготви вкупно 10 продукции посветени на љубителите на оперните изведби. Киното Cineplexx се здоби со правото за пренос на сезоната на МЕТ и на наше големо задоволство на големото платно ви ги претставаме преостанатите 5 опери.
МЕТ: ЖИВО ВО HD, светски водечкиот дистрибутер на алтернативна кино содржина, ги прикажува оперските продукции во повеќе од 1.900 кино театри во 64 земји, меѓу кои се вбројува и Македонија.
Од сезоната 2013-14 ни преостануваат уште 5 извонредни оперски изведби. Новата продукција на ретко чуениот епски „Принц Игор“ на Бородин, под диригентската палка на Џанандреа Носеда, режиран од Дмитри Черниаков и Илдар Абдразаков во насловната улога (01. март); Џонас Кауфман и Елина Гаранча во новата поставка на Ричард Ејр на трагичната романса на Масне
„Вертер“ (15. март); безвременската љубовна приказна на Пучини „Боеми“, со Виторио Григоло кој глуми во неизмерно популарната продукција на Франко Зефирели (05. април); режисерот Лесли Кениг се враќа на сцената со првиот пренос во живо на изведбата на „Така прават сите“ на Моцарт (26. април); и Џојс ди Донато и Хуан Диего Флорез во приказната за „Пепелашка“ на Росини, предводена од првиот диригент на МЕТ, Фабио Луизи (10. мај).
„Одбравме големи претстави, најдоброто за нашата нова сезона. На љубителите на операта ширум светот ќе им овозможиме да уживаат во изведбите и ќе им ја доближиме сета убавина од МЕТ театарот“, изјавува Генералниот менаџер на МЕТ Питер Гелб.
Повеќе информации за оперите на следниот ЛИНКНа 01 март (сабота) со почеток во 18:00 часот ќе биде прикажана операта „Принц Игор“ од сезоната МЕТ 2013/14. Станува збор за познатата