Руската војска ќе го истражува политичкиот феномен наречен „Обоени револуции“

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, даде изјава за новинарите дека војската ќе спонзорира големо истражување што ќе ги опфати тн. „обоени револуции“ кои се одвиваат со помош на организирање масовни протести, сѐ со цел да се спречи соочувањето на Русија со ситуацијата од 1991 и 1993 година.-Некои луѓе велат дека војската не би требало да се меша во политички процеси, некои го велат сосема спротивното. Затоа планираме да спроведеме истражување што ќе се занимава со феноменот на обоените револуции и улогата на војската во нивната превенција, рекол Шојгу во обраќањето на политичкиот форум Армија-2015.
-Не смееме да дозволиме да се повторат колапсите од 1991 и 1993 година, рекол тој.
Министерот додаде дека последиците од обоените револуции сега можат да се набљудуваат во многу арапски земји, но и во Србија. Исто така, Шојгу рече дека и украинската криза во 2014 година беше уште една „голема трагедија во низата на обоените револуции“.
Во ноември минатата година, Путин изјави дека обоените револуции се главно оружје на деструктивните светски сили, кое се користи во геополитичките борби.
-Во модерниот свет, екстремизмот се употребува како геополитичко оружје за редистрибуција на сферите за интерес. Ние можеме да ги видиме трагичните последици од бранот на таканаречените обоени револуции, како и преживеаниот шок на луѓето од земјите погодени од таквите движења, изјавил лидерот на Русија.
Во јануари годинава, група руски конзервативци, обединувајќи се со воените ветерани, моторџиите и про-христијанските политичари, лансираа „Анти-Мајдан“ политичко движење во Москва со цел да ги спречат сите можни обиди да се сруши владата во Русија.-Некои луѓе велат дека војската не би требало да се меша во политички процеси, некои го велат сосема спротивното. Затоа планираме да спроведеме ист

Пронајдете не на следниве мрежи: