Руски авион по грешка влезе во воздушниот простор на Израел. Еве што изјави министерот за одбрана!

Руски авион по грешка влегол во израелскиот воздушен простор од Сирија, изјави денес израелскиот министер за одбрана Мош Јалон.„Рускиот авион премина околу 1,5 километри од нашиот воздушен простор по враќањето од Сирија. Сѐ е веднаш решено и авионот успешно го продолжи патот“, изјавил Јалон за израелското радио.
Јалон рекол дека очигледно тоа е грешка на пилотот кој летал близу Голан, чиј дел Израел го има припоено кон себе во 1981 година, откако го окупираше во војната со Сирија во 1967 година.
Израел и Сирија официјално сѐ уште се во војна.
„Постои линија на комуникација и координација за да се избегнат несогласувањата меѓу Израел и Русија за бомбардирањето на Сирија. Рускиот авион немаше намера да нѐ нападне и поради тоа не треба автоматски да се реагира и да се сруши авионот кога ќе дојде до таква грешка“,  додал израелскиот министер.
Јалон рекол дека израелскиот прремиер Бенјамин Нетанјаху и рускиот претседател Владимир Путин, се договориле во септември да формираат механизам за координација и комуникација на двете земји за воената акција на Русија во Сирија.„Рускиот авион премина околу 1,5 километри од нашиот воздушен простор по враќањето од Сирија. Сѐ е веднаш решено и авионот успешно го продолж

Пронајдете не на следниве мрежи: