Руски историчар: Во тек е прецртување на границите во обид да се создаде Голема Албанија

Еве, се отвора друг проблем – Македонија. Сосема е можно косовското сценарио да го види и Македонија, а во обид да се создаде – Голема Албанија, изјави Никифоров.За проф. д-р Константин Никифоров Владимировиќ, истакнат Русски историчар, славист, директор на Институтот за славистика на Руската академија на науките,велат  дека како истакнат експерт и познавач на историјата на словенечкиот народ, ретко кога знаењето може да го измами.
За Србија е врзан како за науката така и за цврстите пријателства. Тој истакнува дека во Белград, каде што престојува оваа недела како член на Управниот одбор на одржаната Меѓународната научна конференција “Србија и Русија, 1814-1914-2014″ во организација на САСА, доби повеќе пријатели за две децении соработка отколку во Москва. Почитуваниот славист зборува руско- српските односи низ призмата на минатото и на денешницата. Говори, инаку, српски јазик многу течно.
Вие историчарите изгледа дека со  минатото луцидно ја согледувате иднината. По ваше мислење, кога ќе се врати Косово во својата Србија?
Неблагодарно е да се даваат некои предвидувања. Но, едно нешто е сигурно, историјата тече, таа се одвива, бесконечна е и околностите за среќа, се менуваат. Србите после 1389 и битката на Косово, за која како што слушам овде се поретко се зборува, успеаа 5 векови подоцна да го вратат Косово и Метохија. Колку долго време траеше борбата! Можеби тоа е најдолгата битка. За тоа треба трпение и никако да не се потклекнува.
Со трепет ја следиме војната во Украина и страдањето два словенечки народи „под будното око на” САД, Велика Британија, Германија. Ние разбираме совршено, знаеме дека има земји кои како да ги фаќа  “нервоза и хистерија” ако нема крв и војна во светот. Како ги коментирате  конфликтите и актуелните околности во  Украина?
Сценариото е многу слично на она што вие го преживеавте во 90-тите години, кризи, санкции, и исценирани”злосторства”, за кои подоцна се дозна дека биле невистинити насочени против Србите. Погледнете го примерот на соборувањето на Малезискиот авион. Веднаш, без никакви аргументи, Запад за тој криминал ја осуди Русија. Тоа требаше да биде причина за изрекување на санкции. Секоја криза, според  американски рецепт се движи од санкции. Обвинувајќи ја Русија за соборување на авионот многу потсетува на “случајот Маркале” во Сараево, кој всушност беше повод за НАТО воздушните напади врз РС.
Ова, исто така не потсетува на Рачак во јануари 1999 година “Случајот Рачак” послужи  како аргумент насочен против СРЈ и како “правно покритие” за избивањето на војната во 1999 година. Сепак, Русија е огромна земја, силна и стабилна држава. Се разбира, санкции не носи добро, но Русија нема многу да ги чувствува казните, ниту пак за неа тоа може да биде критично. Имаме се и можеме да живееме сами, Русија е сама доволна, тоа значи дека може да преживее  и сама. Но тоа не е нашата цел, ние не сакаме да бидеме изолирани од светот. Русија има повеќе од 36 проценти суровини од вкупното богатство во светот, и три проценти население. Па, ние сме многу богата земја.

 
Од каде во модерната историја таа омраза на Западот кон Истокот, Православието, Русија?
Ние ја завршивме Студената војна во 1991 година, а  Западот тоа  се уште не го разбра. Во нивните умови таа војна се уште трае. Во нивната желба за доминација во светот, тие не бираат средства. Проширувањето на НАТО кон исток  секако не се должи на среќа, мир и стабилност во светот. Своите планови антиракетните  штитови да ги инсталираат секаде каде што тие можат да го направат тоа во земјите на НАТО, на границите со Русија, јасно зборува за нивните намери.
Очигледен е стравот на Западот од Голема Русија. Тие се плашат од ова огромна, “опасна” православна земја, која се протега на два континенти. Иако ние Русите сме мирољубиви луѓе. Но Западот не сака така да размислува! Според моето мислење, во прашање е длабоки комплекс. Треба да се знаат сите војни кои Западот ги водеше против човештвото, Наполеон, Хитлер – тие дојдоа до Русија, не сме ние Руси ако отидеме да ги уништиме и освоиме. Па се браневме и  одбранивме речи си се околу себе. Доаѓаат во туѓото, ограбуваат, обиваат, па оние народи кои се бранат и да ги бранат – Русите – се нарекуваат варвари. Кога Наполеоновата француска војска, потоа европската културна армија стигна  до Москва, сè ограби и го уништи цел Кремљ, беше цел украсен со злато, а се претвори во урнатини. Тие беа како вистински варвари. А Русите, кога пристигнаа во Париз, само пиеја шампањ. Кој е тука варварин!? А кој цивилизиран?
Се добива впечаток дека претседателот на РФ Владимир Путин со многу трпение, вештина и мудрост прави се за што порано да се воспостави мир во Украина. При тоа е многу свесен за американските аспирации Русија да се вовлече во војна. 
Русија преку историјата многу скапо  плаќала, како ниту една земја во светот, секоја војна,односно  секој пат кога била принудена да ја сочува својата земја и својот народ од туѓите чизми. Кај нас во Русија, постарите генерација и денес велат: Се може да биде само војна да не бид. Ние знаеме што значи тоа. Русија само во Втората светска војна изгуби 30 милиони луѓе. Никој во Русија не сака војна.
Што се однесува до Крим, сосема е логично и природно дека тој се врати во својата родна земја, Русија. Добро е познато дека тогашниот претседател на СССР, Никита Хрушчов во 1954 година го презеде Крим од Русија, заедно со населението, како некој феудалец, како Крим да беше  негова лична или феудална сопственост, и го припи со Украина. Всушност, беше подарен на Украина.  Пандорината кутија е отворена неповратно со косовската криза, “само-прогласувањето” на независност и после признавањето од страна на некои земји како таква држава.
Се вели дека Албанците имаат право на самоопределување. Тогаш зошто луѓето на  Крим не би можеле да гласаат, каде и со кого ќе живеат, со оглед на тоа дека Крим беше дел од Русија? Зошто, на пример, луѓето во Шкотска можат мирно да гласаат дали ќе бидат во состав на Велика Британија, или луѓето во Каталонија, а населението на Крим не може? Односно зошто го оспоруваат нивното враќање во татковината, иако Кримјаните во март оваа година се огромно мнозинство од 95 отсто гласаа за тоа? Треба да се знае дека кога Хрушчов  го подари Крим на Украина беа сериозно повредени Руските закони. Крим по 60 години и се врати на  својата татковина. Обичниот човек тоа го разбира одлично. Исто така се надевам дека ќе се најде решение за мир во Украина и дека луѓето ќе му се вратат на нормалниот живот.

 
Неодамна изјавивте дека ако се покрене прашање за соединување на БиХ, тогаш Република Српска може да го следи примерот на Крим.
Ајде да се запрашаме ако може самопрогласување на косовските Албанци, зошто тогаш тоа не би можела да го стори и Република Српска. Значи, излегува дека ако желбата и интересот на Западот е да се создаде нова држава или држави, а други да се распаднат – тогаш е на пат да ги оствари овие желби – сè е дозволено. А ако тоа го направат Србите во Република Српска, е тогаш тоа одеднаш станува многу опасно.
Велите дека „процесот на прецртување на границите на Балканот не е завршен, бидејќи се уште не се решиле националните прашања на луѓето кои живеат таму.” На кои луѓе мислите?
Во прв ред мислам на српскиот народ, кој сега живее поделен, несреќен, расеан и протеран. И надвор од границите на својата прадедовска земја. Тука мислам, да повторам, на Република Српска и на српското Косовско прашање. Односно на просториите каде Србите со векови живееле, а во неодамнешните војни за својата земја се протерани. Но, еве се отвара уште еден проблем – Македонија. Сосема е можно косовското сценарио и во Македонија, во обид да се создаде Голема Албанија.
Не гледам зошто Србија и РС не се врзале многу поцврсто во секој поглед. Но знам дека Русија гравитира кон Србија, и тоа е природно. Народот спонтано се стремат кон поврзаност. Историјата вели – Народот тежнее да соедини, а тоа е само прашање на време кога. И Италијанците се соединија и Германците… Се чини дека некои како мантра повторуваат Голема Србија, и прават се за таа голема Србија да не биде. Гледате, постои Велика Британија па тоа никому не му пречи, и Голема Русија, но станувам многу незгодно и опасно кога ќе се спомне Србија во тој контекст. Како може еден релативно мал по бројност народ дна Балканот да биде опасност по целиот свет? Се оди до таму и српскиот јазик да се нарекува со други имиња. Онака како што на некој му се допаѓа. Па, осум територии на Србите им го земаат и јазикот. Англиски се говори во Британија, САД, Канада, Австралија….и на никој не му паѓа на памет тој јазик да го нарекуваат американски, австралиски, канадски или германскиот кој исто така се говори во повеќе држави. За проф. д-р Константин Никифоров Владимировиќ, истакнат Русски историчар, славист, директор на Институтот за славистика на Руската академија на на

Пронајдете не на следниве мрежи: