РУСКИ МЕДИУМИ: Зад соборувањето на рускиот Су-24 стои синот на Ердоган!

Воениот авион што денес го собори Турција на границата со Сирија, е леталото Су-24 со руско производство, соопштија изворите од Турција, наведувајќи дека авионот е соборен во склад со турските прописи по што наводно бил повреден воздушниот простор на Турција и бил 10 пати предупреден во рок од пет минути.Иако во почетокот не било јасно чиј авион бил соборен, по деталната проверка и анализи се потврдило дека станува збор за руски ловец Су-24 чии пилоти се катапултирале.
Истите извори наведуваат дека Турција побарала итен состанок со НАТО по соборувањето на авионот.
Терористите во меѓувреме поставија снимка од ракетирање на руски хеликоптери кои што биле во спасувачка мисија по падот на воениот авион.

На интернет се појави и снимка кадешто се гледа како сириските побуненици пукаат на еден од двајцата руски пилоти кој со падобран се спуштал на земјата.
Руските медиуми пишуваат дека синот на Реџеп Тајип Ердоган е поврзан со терористите коишто го собориле авионот Су-24. На социјалните мрежи се споделува фотографија на која Билал позира со познати терористи коишто се поврзуваат со Исламската држава, пишува рускиот ТВ канал „Лајф Њуз“. Понатаму се наведува синот на турскиот претседател соработува со терористите кои во Турција увезуваат евтина нафта, а руската воена интервенција во Сирија ја загрози оваа соработка.

#Erdoğan|'s son Bilal Erdogan with #ISIS cutthroats #StopISIS pic.twitter.com/tpT8DFvGKB
— Sirun Bagdasaryan (@Sirun_1) November 18, 2015

Руското министерство за одбрана соопшти дека со анализа на податоците за мониторинг на летањето, не биле потврдени изјавите на Анкара дека рускиот авион го нарушил турскиот воздушен простор.
„Немаше никакви повреди на воздушниот простор на Турција“, се наведува во соопштението. Два турски млазни авиони Ф-16 учествувале во соборувањето на авионот.
Неофицијално се појавија информации дека двајцата руски пилоти се мачени и убиени, а објавени се нивните идентитети.
Она што е нејасно е дали Турција е свесна дека Русија се бори против тероризмот во Сирија и се поставува прашањето дали оваа земја игра двоја игра на политичката сцена?Иако во почетокот не било јасно чиј авион бил соборен, по деталната проверка и анализи се потврдило дека станува збор за руски ловец Су-24 чии пило

Пронајдете не на следниве мрежи: