Рускиот милијардер и основач на „Иницијативата 2045“, Дмитриј Ицков (35), изјави дека ќе им овозможи на луѓето да живеат вечно во наредните 30 години така што ќе ги пренесе нивните мозоци во компјутерите.„Иницијатива 2045“ е организација која работи на остварување на бесмртноста и се состои од низа научници кои создаваат програма за мапирање на мозокот.
Програмата за мапирање на мозокот подоцна ќе успее да го пренесе умот во компјутерот и ќе може да се стави на тело од робот или да функционира како холограм.
Ицков сѐ уште се обидува да најде начин да го внесе човечкиот мозок во компјутер и така да ја открие тајната кон бесмртноста, пишува Би-Би-Си. Тој смета дека за 30 години тоа би било можно.
Дмитриј решил да го напушти светот на бизнисот за да направи нешто значајно за човештвото.
„Смртта е неизбежна, бидејќи со стареењето клетките во нашите тела ја губат својата функција да се регенерираат“ – објаснува Ицков.
Ова предизвикува болести кои во еден момент водат до смрт.
Милијардерот одлучи да го вложи своето богатство во амбициозен проект кој ќе ги отклучи тајните на човечкиот мозок и да ги копира во компјутер.
Крајна цел е да се продолжи постоењето на личноста, без таа да биде зависна од расипливото тело.„Иницијатива 2045“ е организација која работи на остварување на бесмртноста и се состои од низа научници кои создаваат програма з