Руски научници тврдат дека нашле делови од метеорот

Руски научници тврдат дека нашле делови од метеорот кој во петокот падна врз делови на Урал. Деловите од метеорот биле пронајдени околу замрзнатото езеро во Чељабинската област.

Руските власти во неделата соопштија дека не ја прекинуваат потрагата по фрагменти од метеорот, откако нуркачите не пронајдоа ништо по целосното пребарување на езерото.Научниците од Универзитетот Урал, кој беа на местото на настанот, тврдат дека се пронајдени околу 50 делови на метеорот во близина на езерото.„Членовите на експедицијата ги испратија пронајдените делови на анализа во Екатеринбург“, се наведува во соопштението на универзитетот.Водачот на експедицијата Виктор Гроховски, кој е член на руската Академија на науките, рече дека се работи за камен метеор кој содржи десет отсто железо.Околу 1.200 лица беа повредени кога метеор експлодира над Урал, а причинетата материјална штета се проценува на околу 30 милиони долари.
Макфакс
Руски научници тврдат дека нашле делови од метеорот кој во петокот падна врз делови на Урал. Д

Пронајдете не на следниве мрежи: