Руски разорувач пукал на турски брод: „Бевме приморани да реагираме“

Екипажот на рускиот разорувач „Сметливи“ беше приморан да користи огнено оружје за да спречи судир со турски рибарски брод, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.Министерството наведува дека инцидентот се случил денес и дека екипажот на рускиот брод „Сметливи“ спречи судир со турски брод на 22 километри од грчкиот остров Лимнос, во северниот дел на Егејското Море.
Руската фрегата утринава забележала брод на еден километар оддалеченост, но никој од турските капетани не се јавувал на упатените радио повици, ниту пак на светлосните сигнали кои биле праќани по пат на рефлектори и сигнални ракети.
Кога турскиот рибарски брод пришол на околу 600 метри, Русите отвориле оган и пукале во близина на турскиот брод за да спречат судир.
Веднаш по пукањето, турскиот брод го сменил курсот на оддалеченост од 540 метри, но и понатаму не бил воспоставен никаков контакт со рускиот разорувач.
Итар Тас наведува дека руското Министерство го повика турското воено аташе поради овој инцидент.
 

Military attaché at the Turkish embassy in Moscow urgently invited to the Russian Ministry of Defence in connection with…
Posted by Ministry of Defence of the Russian Federation on Sunday, December 13, 2015

Министерството наведува дека инцидентот се случил денес и дека екипажот на рускиот брод „Сметливи“ спречи судир со турски брод на 22 ки

Пронајдете не на следниве мрежи: