РУСКИ „СПУТНИК“ ПРЕДУПРЕДУВА: Скопје на чекор пред државен удар!

Најголемата албанска партија во Македонија ДУИ, во рамки на најавениот „план Б“, планира со СДСМ да формира влада без одобрение на Македонскиот претседател – пишува Спутник. Аналитичарите за медиумот тврдат дека вакво сценарио и значело држаен удар и вовед во апсолутен хаос, политички тензии и можни судири.Доколку Зоран Заев, лидер на СДСМ и Али Ахмети, лидерот на најголемата албанска партија во Македонија ДУИ, одлучат без одобрување на претседателот на Македонија да формираат влада на основа на коалиционото мнозинство кое Заев го доби по прифаќањето на т.н. „Тиранска платформа“, тоа би значело државен удар, констатираат од Спутник.
„Планот Б“, кој Ахмети го најави откако претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов одби да го даде мандатот на Зора Заев за формирање на влада со албанските партии, бидејќи тоа би ја одвело Македонија во етничка и територијална поделба, се заснова токму на идејата дека добиеното мнозинствто во парламенот да именува нова влада и Заев за премиер – анализира Спутник.
Дека ова е „план Б“ на албанската ДУИ, за Спутник во несмасна изјава потврдил и Павле Трајанов.
Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој инаку на изборите го доби мнозинството гласови, пишува Спутник, му понуди на Заев поддршка за неговата коалиција за формирање на Влада ако се откаже од влада со албанските партии на основа на платформата направена во Тирана, која предвидува не само воведување на албанскиот јазик како службен, туку и промена на знамето и химната на Македонија, но и можност за поделба на македонската територија – додаваат од Спутник.
Заев таквата поддршка ја одби, иако тоа би значело дека позади себе би имал поддршка од 100 пратеници од вкупно 120 во македоскиот парламент. За македонските аналитичари овој „детал“, како и одбивањето да се оди на нови вонредни парламентарни избори во мај, кога би требало да се одржат и локалните избори во Македонија, доволно говорат дека Заев всушност сака влада исклучиво со Албанците.
Цветин Чилиманов, бивш советник на претседателот на Македонија, во изјава за Спутник вели дека „планот Б“ влада да се направи без „благослов“ на претседателот на Македонија, фактички би било вовед во една врста на државен удар, бидејќи таква влада, смета тој, навистина тешко би можела да ги земе сите инструменти на власта во свои раце.
„Таквата влада би била оспорена, и тоа не само во Македонија и може да се очекува дека би предизвикало тензии. Јасно е дека сето ова е осмислено да предизвика токму ваква реакција, бидејќи сите албански барања: од промена на химна, устав, па до вето на буџетските средства, се она што е одржано во Албанската платформа, не е во склад со Уставот на Македонија“, вели Чилиманов за Спутник.
Како што вели Чилиманов, „Заев повеќе пати во последните неколку години дирекнто рекол дека работи со луѓе надвор од земјата и дека соработува со премиерите и амбасадорите надвор од Македонија“.
„Тоа беше особено видливо во време кога се појави аферата со прислушкувањето. Затоа е јасно дека тој има поддршка надвор од Македонија, особено во оние држави каде социјалдемократите се на власт. Впрочем, тој лично ги апострофира странските држави, односно нивните амбасадори кои му помагаат во оваа кампања, а меѓу нив се и претставници на администрацијата на Обама. Затоа јасно дека тој работи на некој проект за кој е разговарано со странските држави, а кога стана јасно дека не може да победи на изборите во декември, се сврте кон албанските бирачи. Неговата кампања беше двострана – една за албанското гласачко тело, другата за македонските граѓани кои го поддржуваа“, истакнал Чилиманов за Спутник.
Во исто време, Чилиманов изјавил дека Албанците за неговата понуда во изборната кампања дека е спремен да оди надвор од „Охридскиот договор“ ја разбраа како порака која доведе до сегашната ситуација, односно како понуда за федерализација и поделба на земјата.
„Затоа тој не може да ја прифати понудата на ВМРО и со нив да формира малцинска влада бидејќи очигледно дал одреден број на ветувања на странските политичари и земји кои, помеѓу останатото, вклучиваат и концеси кон етничките Албанци. Затоа и ја одби понудата на Груевски, која беше прилично драматична, бидејќи освен понуда за поддршка на владата на Заев рече дека и тој самиот нема да се противи ако Заев го уапси, ако смета дека тоа е потребно поради таканаречените афери, само Македонија да не се подели етнички. Заев тоа го одби и инсистира да формира влада со албанските партии“, наведува Чилиманов.
Според Чилиманов, опасноста лежи во фактот дека од големата поделба во најголемата албанска партија ДУИ, поради дилемата дали да влезат во влада со Заев.Доколку Зоран Заев, лидер на СДСМ и Али Ахмети, лидерот на најголемата албанска партија во Македонија ДУИ, одлучат без одобрување на претседателот

Пронајдете не на следниве мрежи: