Рускиот конзул Самсоненко со честитка по повод Денот на независноста

По повод одбележувањето на 8 Септември, почесниот конзул на Руската Федерација во Република Македонија, Сергеј Самсоненко на сите македонски граѓани им го честита Денот на независноста.– Почитувани граѓани на Република Македонија во мое и во името на руските граѓани, ви го честитам 8-ми септември – Денот на независноста на Македонија. Овој ден е најзначаен датум во македонската историја, симболизирајќи ја одлуката на македонскиот народ да создаде самостојна и независна држава. Изразувам длабока почит на одлучноста за создавање суверена и рамноправна Македонија за сите народности кои живеат во неа. Посакувам траен мир, просперитет, меѓусебна доверба и соживот, вели во честитката Самсоненко.
Почесниот конзул на Руската Федерација на македонските граѓани им посакува социјален, економски и политички напредок.– Почитувани граѓани на Република Македонија во мое и во името на руските граѓани, ви го честитам 8-ми септември – Денот на независност

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.