Борбените авиони распоредени долж западната руска граница денеска се ставени во состојба на борбена готовност, соопшти руското Министерство за одбрана.„Тие авиони во пограничните подрачја спроведуваат константни патроли од воздухот. Веднаш штом се известени за состојба на борбена готовност, воздухопловните сили во западниот воен округ наложија полетување на авионите кон базите“, се наведува во соопштението кое го пренесе Интерфакс.
Истовремено морнарите на руската Балтичка и Северна флота започнале да се товараат воените бродови, во склоп на наредбата на рускиот претседател Владимир Путин да се одржат итни воени вежби за да се провери готовноста на руските вооружени сили на западот на земјата.
Како што изјавиле за агенцијата Итар-Тас претставници на Министерството за одбрана, истовремено и воздухопловни трупи тргнале кон воениот аеродром за да се товараат во авиони. Нивната дестинација ќе биде позната дури откако авионите ќе полетаат, соопштила прес-службата на Министерството.
Веднаш реагирало украинското Министерство за надворешни работи кое ги повикало на итен состанок колегите од руското МНР.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој вчера ја објави Путиновата наредба за итните воени вежби на западот на земјата, изјавил дека Русија внимателно ги следи случувањата на Крим, односно случувањата околу Црноморската флота, која е таму стационирана.
Тој додал дека Русија „презема мерки кои би ја гарантирале безбедноста на објектите, инфраструктурата и арсеналот во Црноморската флота“, пренесува РИА Новости.
Шојгу најавил дека вежбите ќе траат до 3 март и дека ќе се одвиваат во две фази, со учество на 150.000 војници. Во втората фаза ќе учествуваат Северната и Балтичката флота.
САД веднаш ги предупредија Русија дека би била „тешка грешка“ воено да интервенираат во Украина и соопштија дека Вашингтон размислува на Киев да даде една милијарда долара кредит.„Тие авиони во пограничните подрачја спроведуваат константни патроли од воздухот. Веднаш штом се известени за состојба на борбена готовност,