Руските медиуми пишуваат што ќе се случи во септември, американските кријат и молчат!

Дали е можно дека руските новинари имаат поголема слобода да зборуваат за битни прашања, отколку новинарите коишто работат за големите корпоративни конгломерати во САД? Секако дека руските медиуми се далеку од совршени, но мора да се признае дека се обидуваат да решат контроверзни прашања кои американските медиуми потполно ги игнорираат. Меѓу нив се и клучните настани што следат во септември.Најважниот шаблон за глобално владеење на ОН би требало да се лансира на големата конференција која ќе се одржи од 25. до 27. септември. Лансирањето на оваа „нова универзална агенда“ е толку важно, што дури и папата ќе присуствува на оваа конференција во Њујорк Сити.
Овој нов план е познат како „Агенда 2030“. Тоа е едно од најзначајните случувања во историјата на глобалното владеење, а мејнстрим медиумите во САД го игнорираат.
Познато е дека се планира голем чекор при воспоставувањето на палестинската држава во септември. Во сите меѓународни медиуми се пренесува дека Франција пред Советот за безбедност на ОН ќе даде предлог-резолуција која официјално ќе ја признае Палестина за прв пат. Тоа е еден од клучните моменти за модерната историја на Блискиот Исток.
Исто така, во септември се очекува крај на годината на Шемитот, четвртата крвава Месечина и крај на Џејд Хелм вежбите. По интернетот кружат приказни за пад на берзата, за природни катастрофи и чудни „случајности“ кои упатуваат на 23. септември.
На пример, „Спутник Њуз“ наведува дека наесен ќе дојде до голем финансиски пад и дека ќе настане паника на улиците од Вол стрит до Шангај.
На секои седум години настанува некаква катастрофа. Така, во септември 2001 година, САД доживеа најлош терористички напад во историјата, додека во 2008 година настана најлошата финансиска криза.
РТ побара траги во Библијата и Тората. Тие наведуваат дека седмата година од библискиот земјоделски циклус се паѓа точно на 15. септември 2015 година. Тоа ќе биде милениумски настан, бидејќи цела тетрада на крвави Месечини (четири затемнувања на Месечината), се паѓа на еврејските религиски празници.
Дури и „Правда“ пишуваше за тоа што ќе се случи во септември. Оваа новинска агенција укажува на социјалните конфликти и финансиските проблеми од 2001 година, како и на започнувањето на војните во Ирак и Авганистан кои траеле со години. Потоа, укажува на 29 септември 2008 година, кога дојде до финансиска криза.
Зошто американските медиуми не зборуваат за овие работи? Дали се зафатени со пренесување на поважни вести?
Секако дека не. Доволно е само да се прочитаат некои од насловите на американските весници од понеделникот:
– „Ексклузивно: Џон Стјуарт ќе го води WWE Summer Slam“
– „Контроверза околу разголените фотографии на Шерон Стоун“
– „Флоренс Хендерсон ќе се појави во последната емисја на Танц со ѕвездите“
– „Се враќаат луксузните домови и ќе бидат поголеми.“Најважниот шаблон за глобално владеење на ОН би требало да се лансира на големата конференција која ќе се одржи од 25. до 27. септември. Лансирањет

Пронајдете не на следниве мрежи: