Руските власти ја запленија фабриката за чоколадо „Рошен“ на Порошенко

Руските власти ја запленија фабриката за чоколади во сопственост на украинскиот претседател Петро Порошенко во рускиот град Липетск, со цел да спречат нејзина продажба, јавува „Москоу тајмс“, пренесувајќи го соопштението од матичната фирма Рошен.Од март 2014 година кога Русија го анектираше Крим, фабриката во Липетск редовно е предмет на полициски рации, бојкот и обвиненија од руските политичари дека служи за поттикнување и финансирање тероризам, јавува Фена.
– Можеме да кажеме дека руската страна намерно ги презема сите можни чекори за да спречи продажба на имотот кој е во сопственост на компанијата во Русија, се наведува во соопштението од Роен, каде и се најавува судска жалба.
Вредноста на оваа фабрика е проценета на 39 милиони евра.
Украинскиот претседател Порошенко, чиј прекар е „крал на чоколадото“ вети дека ќе ја продаде компанијата Рошен, чија вредност пред кризата изнесуваше 2,1 милијарди долари.Од март 2014 година кога Русија го анектираше Крим, фабриката во Липетск редовно е предмет на полициски рации, бојкот и обвиненија од руските полит

Пронајдете не на следниве мрежи: