Ирскиот нискобуџетен авиопревозник Ryanair нарача до 200 авиони на Boeng во вредност од 18 милијарди долари според каталошките цени, објави во вторникот ирскиот весник Independent.Нарачката која се очекува да ја потврдат американскиот претседател Барак Обама и ирскиот премиер Енда Кени наредната недела во Белата куќа, е најголема во историјата на Ryanair.Новите авиони ќе заменат одделни летала од типот 737 и ќе и овозможат на компанијата да го прошири работењето надвор од Европа, пишува весникот.Запрашан да го коментира овој извештај, портпаролот на Ryanair за агенцијата AFP изјави дека компанијата „не коментира гласини и шпекулации и дека не сака да учествува во нив на било каков начин“.Пишувањата на весникот временски се поклопија со одлуката на Европската комисија да го блокира и третиот обид на Ryanair да го преземе ирскиот конкурент Aer Lingus поради кршење на прописите со кои се гарантира рамноправен пазарен натпревар на единствениот пазар на Европската унија.
МакфаксИрскиот нискобуџетен авиопревозник Ryanair нарача до 200 авиони на Boeng во вредност од 18 милијарди долари спор