САД го лажеа светот: Нови детали за убиството на Осама бин Ладен!

Новинар тврди дека пакистанските разузнавачките служби ја прекинале електричната мрежа токму пред американските војници да го нападнат објектот, со цел да се избегне интервенција на локалната војска.Организаторот на нападите на 11. септември и водачот на Ал Каеда, беше убиен во Пакистан пред цели четири години. Добитникот на Пулицерова награда, новинарот Сејмор Херш, го обвини американскиот претседател Барак Обама за убиството на Осама бин Ладен.
Херш тврди дека американската влада пред четири години сакала да го сокрие фактот за тоа случување, од што најмногу профитирал Обама кој влегол во предизборна година. Имено, пакистанската влада наводно со години го имала Бин Ладен под надзор во Аботабад, населба во која главно живeат воени службеници.
ЦИА дознала за неговата локација, откако висок пакистански офицeр ги открил тие информации во надеж дека ќе добие награда од 25 милиони евра.
Изворот на Херш, кој е претставник на американската војска, откри дека администрацијата на Обама дури четири години преговарала со пакистанската влада пред нападот на засолништето на Бин Ладен, а на јавноста ѝ било кажано дека се станувало збор за тајна мисија за која никој не знаел ништо, пишува Си-Ен-Ен.
Во статијата на Херш која беше објавена во London Review of Books, се наведува дека немало големи пукотници, како и дека имало само мали пукотници во моментот кога бил убиен Бин Ладен. Обама, наводно ја сокривал вистината за да ја зголеми популарноста пред изборите.
Исто така, Херш тврди дека Бин ладен не е погребан во море, туку во Авганистан.
„На пакистанските војници им беше наредено да ја напуштат локацијата штом ќе слушнат хеликоптери. Градот беше во мрак, беше прекинато и напојувањето со електрична енергија“, вели Херш.
Американците тврделе дека во куќата во која се сокривал Бин Ладен, биле пронајдени важни документи, но Херш тоа го негира.
„Белата куќа мораше да остави впечаток дека Бин Ладен и понатаму е оперативно важен, инаку не би постоело никакво оправдување за неговото убиство. Поради тоа, беше смислена и поинаква приказна за мрежа од курири кои доаѓаа и си одеа со мемориски стикови и инструкции“, наведе неименуваниот извор на Херш.
Белата Куќа сѐ уште се нема огласено за тврдењата на новинарот.
Организаторот на нападите на 11. септември и водачот на Ал Каеда, беше убиен во Пакистан пред цели четири години. Добитникот на Пулицерова награда,

Пронајдете не на следниве мрежи: