САД го создаде ИСИС да го сруши Асад. Но, тие работат меѓусебно!

Асад е самоуверен дека со леснотија може да го победи ИСИС, штом ќе ги уништи тн. умерени непријатели. Станува збор за истиот ИСИС против кој САД се „борат“ веќе со години, пришто немаат постигнато апсолутно ништо.Сите сакаат САД конечно да ја нападнат Сирија и Русија неизбежно да одговори на тој напад, бидејќи оваа бескрајна пропаганда е подеднакво очигледна и патетична како и грчкиот банкрот.
Кога неодамна беше претставен планот на Пентагон за пружање на воздушна поддршка на сириските побуненици (на умерените, не на џихадистичките) при нападите на ИСИС – беше напишано дека поради тоа се очекува напад под лажно знаме кое ќе му биде припишан на режимот на Асад, со цел на Обама да му се овозможи напад над Сирија. Никој не очекуваше дека тоа толку брзо ќе се случи.
Ерин Бејкер за „Тајм“ напишала дека сѐ е подготвено за нападот врз режимот на Асад.
Текстот со назив „Зошто Башар ел Асад не се бори против ИСИС“, во суштина е есеј кој докажува дека сирисикиот лидер всушност соработува со ИСИС и дека поради тоа не ги напаѓа, а сето тоа имплицира на тоа дека сирискиот режим е подеднакво лош како ИСИС.
Сириската верзија на „Амазон“ го објави следното:
„Режимот на сирискиот претседател Башар ел Асад отсекогаш имаше прагматичен пристап кон Исламската држава во Ирак и Сирија. Тој на самиот почеток купувал гориво од установите кои ги контролира ИСИС и одржувал односи со нив“.

Всушност, режимот на Асад на сите начини правеше напори да не му се приближува на ИСИС, бидејќи само на хартија беа направени екстремистичките фракции на Ал Нусра, а кои всушност го наоружуваат и финансираат САД, Катар и Саудиска Арабија.
Еден бизнимен понатаму зборува: „Режимот се плаши од Слободната сириска војска (ФСА) и фронтот на Нусра, но не и ИСИС. ФСА и Нусра имаат цел да го отстранат претседателот, додека од друга страна ИСИС никогаш директно му се нема закането на Дамаск. Да сакаше режимот досега да се ослободи од ИСИС, одамна би се бомбардирала Рака. Наместо тоа, режимот ги бомбардира градовите во кои е силна ФСА. Колку е посилен ИСИС, толку е покорисен за режимот“.
Еден западен дипломат, кој е специјализиран за граѓанската војна во Сирија, се сложува дека ИСИС е средство на Асад. „Тие ќе направат сѐ за да ја уништат опозицијата, па дури и ако тоа подразбира јакнење на ИСИС. Сега само е прашање на месеци кога опозицијата ќе ослаби, што веќе нема да претставува важен фактор. Така, режимот за само неколку месеци ќе биде во можност да ја оствари својата стратешка цел, а тоа е да го натера светот да бира помеѓу Дамаск и црните знамиња“.
Според таа логика, „меѓународната заедница“ ќе ги избере и Дамаск и „црните знамиња“, а тоа секако ќе послужи како повод да се изврши инвазија, да се сруши Асад и да се постави нов марионетски режим чија судбина ќе потсетува на судбината на Египет, Либија и Ирак.
„Терористичката група“, која е креирана и финансирана од сојузниците на САД на Блискиот Исток, всушност се бори на страната на режимот кој САД и нивните сојузници очајнички се обидуваат да успеат. Станува збор за „терористичка група“ која до неодамна не постоела и против која Асад не сака да се бори, бидејќи во Сирија не се видени познатите видеа со обезглавувањето на затворениците, pisuva Web tribune.
САД сега веруваат дека „ИСИС е средство на Асад“ и дека умерената опозиција ќе ги уништи џихадистите.
Асад е самоуверен дека со „леснотија може да го победи ИСИС“, штом ќе ги уништи тн. умерени непријатели. Станува збор за истиот ИСИС против кој САД се „борат“ веќе половина година, пришто не е постигнато апсолутно нешто.
Пропагандата е очигледна и патетична. Невини луѓе страдаат за некој да ги оствари своите стратешки цели. До кога ќе трае оваа фарса?Сите сакаат САД конечно да ја нападнат Сирија и Русија неизбежно да одговори на тој напад, бидејќи оваа бескрајна пропаганда е подеднакво очигледна

Пронајдете не на следниве мрежи: