САД и Русија денес постигнаа договор за контрола на сириското оружје. Договорот меѓу едни од најголемите сили во светот, беше поздравен од ОН, Франција, Германија и Велика Британија.
Сириските бунтовници го отфрлаат овој договор меѓу САД и Русија. Тие истакнуваат дека договорот на сирискиот режим ќе му овозможи да помине неказнето.
Договорот, што предвидува сириското хемиско оружје во целост да биде уништено, до средината на следната година, го поздрави генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, кој, меѓутоа, истакна дека договорот мора да биде чекор кон ставање крај на „ужасните страдања“ на Сиријците.
Бан Ки Мун додаде дека „искрено се надева“ дека постигнатиот договор во Женева ќе попречи на нова употреба на хемиското оружје во Сирија и „ќе го подготви патот за политичко решение“ на конфликтот.
Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус го поздрави како „важен напредок“ постигнувањето договоро меѓу САД и Русија на преговорите во Женева за сириското хемиско оружје.
Фабиус истакна дека „Франција ќе го земе предвид извештајот на инспекторите на ОН за жртвите во Дамаск, што ќе биде објавен во понеделник, за да усвои свој став“.
Според генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун извештајот „ќе го потврди на неоспорен начин“ користењето хемиско оружје во близина на Дамаск ноќта меѓу 21 и 22 август, но без да посочи кој е одговорен за тоа.Договорот меѓу едни од најголемите сили во светот, беше поздравен од ОН, Франција, Германија и Велика Британија.
Сириските бунтовници