Новинската агенција на САД Асошиетед прес (АП) во вечерашната детална анализа наведува дека САД се многу малку способни да возвратат на руската воена интервенција во Украина.ВАШИНГТОН – И покрај експлицитните предупредувања дека Москва ја очекуваат последици, американскиот претседател Барак Обама и лидерите на Европската унија имаат , всушност , многу малку можности да возвратат на Руската воена интервенција во Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин досега изигнорира неколку американските закани , вклучувајќи го и откажувањето на Обама во учеството на меѓународен самит во Русија ова лето и откажување од трговски преговори кои ги барала Москва. АП укажува на тоа дека Украина не е постојана членка на НАТО, и дека затоа САД и земјите на ЕУ не се обврзани да дојдат на помош , туку може самата да се брани. Исто така, на пошироката меѓународна акција преку ОН е речиси невозможна , со оглед на тоа дека Русија, како постојана членка на Советот за безбедност на ОН има право на вето.
“Од САД и другите земји на НАТО се слушнаа тешки зборови. Но сите тие се празни закани. Навистина нема многу што да се направи во однос на влијание врз ситуацијата “, бели Киер Гајлс, експерт за руски воени работи од лондонската тинк-тенк организација Чатам хаус. За да ја нагласи оваа точка, Путин денеска побара и доби одобрување од Горниот дом на рускиот парламент да ја користи руската армија не само во прорускиот автономен регион на Крим, туку и ширум Украина, пишува Асошиетед прес, додавајќи дека сето тоа се случува само еден ден бидејќи Обама предупреди дека секое прекршување на “суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина е длабоко дестабилизирачко.”
На денешната одлука на рускиот парламент и претходеа 3 месеци на политички превирања во Украина кои настанале поради одбивањето на претседателот Виктор Јанукович да потпише договор со Европската унија за партнерство – за зачувување на историските врски со Москва, пишува АП, истакнувајќи дека Јанукович минатата недела избега од Киев и дека сега е во Русија. Како што агенција оценува потезите на Путин сигурно ќе ги продлабочат тензиите во неговиот и онака затегнат однос со Барак Обама, кој се обидува да го убеди рускиот лидер да го промени ставот во поглед на бројни прашања. На Америка ќе и биде тешко да ја казни Русија поради Украина и други работи бидејќи на Белата куќа и е потребна соработка со Кремљ, за да се запре граѓанската војна во Сирија,да издејствува спогодба со Иран во врска со нуклеарната програма во таа земја, и Соединетите Американски Држави да можат да ги изнесат од Авганистан своите војници и воената опрема преку руската територија . “Ние се соочуваме со тежок избор – да ја казниме Русија и на тој начин практично да се казниме самите себе “, изјави Ендрју Качинс, директор на руската програма при вашингтонскиот Центар за стратегиски и меѓународни студии. Така, Белата куќа со закани за откажување на билатералниот состанок Путин-Обама се обиде да ја убеди Русија да го испорача Едвард Сноуден на Америка.
Кога Кремљ на овој поранешен вработен во Агенцијата за национална безбедност САД одобри азил во Русија, Обама го откажа состанокот со Путин, но сепак дојде на една меѓународна конференција во Санкт Петербург. Американски официјални лица велат дека сега разговараат со европски официјални претставници за можноста Обама и другите западни лидери да не дојдат на осмиот самит закажан за јуни во рускиот град Сочи, на сцената на неодамнешната завршница на Зимските олимписки игри. Белата куќа,како што пишува АП, не разгледува сериозно за американска воена интервенција во Украина. Обама вчера избегн да каже дека дестабилизираната Украина стана закана за националната безбедност на САД. Наместо тоа, тој само кажа дека таквата Украина “не е во интерес ниту на Украина, ниту н Русија , ниту на Европа”.
Европските официјални претставници изразија загриженост во врска военото учество на Русија во Украина, но беа одредени во однос на начините да се спречи или казни Путин. Европската унија , како што кажува АП, се занимава со свои, внатрешни проблеми, и не сака целосно да ја прифати Украина или да ризикува економски последици од конфронтациј со Русија, која и е една од најголемите трговски партнери. “Светот е на работ на конфликт , чиј исход се уште не може да се воочи “, рече полскиот премиер Доналд Туск , чија земја се граничи со Украина. Тој ја повика Европа да испрати ” јасен сигнал” дека нема да толерира агресивни дела , но во тоа не беше решен. Во Киев, турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу ја повика меѓународната дипломатија да направи напор да се намалат тензиите.ВАШИНГТОН – И покрај експлицитните предупредувања дека Москва ја очекуваат последици, американскиот претседател Барак Обама и лидерите на Европскат