Соединетите Американски Држави (САД) упатија писмо до официјална Тирана во кое се укажува Албанија да внимава со националистичките изјави бидејќи тоа провоцира насилства.Во писмото кое го објавија албанските медиуми со додава дека во случај да продолжи националистичката реторика Албанија ќе биде и јавно осудена.„Ние сме многу вознемирени што албанските лидери се оддалечуваат од традиционалната конструктивна улога што Албанија ја имаше во регионот. Последните јавни изјави на албанските политичари во врска со споменикот во Прешево се закана на линијата на одговорните дискусии со една контрапродуктивна реторика која е потенцијално опасна. Овие изјави се потенцијални за поттикнување на насилство и се против мирот и стабилноста во регионот и влијаат на односите со САД“, се вели во писмото на Стејт Департментот упатено до албанската влада.
МакфаксСоединетите Американски Држави (САД) упатија писмо до оф