Официјални лица на Американската морнарица тврдат дека воениот брод во водите околу Крим бил поставен поради рутинска воена вежба која била планирана уште пред започнувањето на кризата, но ова многумина го сфатија како провокација кон Русија.Американскиот воен брод со ракети на наведување “Тракстун”, сношти влезе во водите на Црното Море, каде што е стационирана Руската флота наменета за Кримската криза, која игра значајна улога на полуостровот.
Постапката на Америка предизвика силни реакции и голема загриженост во целиот свет. Официјалните лица тврдат дека нема простор за загриженост, бидеќи тоа е само рутинска вежба на флотат која била планирана уште пред започнување на кризата.
Претседателот на Комитетот за безбедност на Американскиот Конгрес, Мајк Роџерс, тврди дека акцијата на американската морнарица е грешен потег на администрацијата на Обама.
– Поради тоа што не постојат многу опции, испраќањето на американски брод во Црното Море е лоша идеја. Путин навистина е засегнат со ситуацијта во Украина и на овој начина Америка нема да успее да го натера своите војски да ги повлече од Крим – рече Рџерс. Тој посочи и дека Русија без украина е држава, а со Украина, Царство.
Инаку бродот “Тракстун” е од разорувачката класа “Arlej Berk” и на него има 380 морнари. Тој во четвртокот го напуштил пристаништето во Грција и се упатил кон водите на Црното Море, изјави потпаролот на Американската морнарица, Шон Еклунд. Тој тврди дека ова не е поврзано со присуството на Руската флота во Црното Море и воопшто со присуството на Руските војски на Крим.
Во исто време, кога Турција дозволи воениот америкнакси брод да помине низ Босфорот, шест Руски шпиoнски авиони го надлетувале турското крајбрежје, авионите билe од типот Ф-16.
Америка во четвртокот испрати два борбени авиони и два летечи танкери во Литванија. Во прашање се авиони од типот Ф-15 Игл. Американскиот секретар за одбрана Чак Хегел, најваи дека ќе испратат и 12 авиони во Полска. Авионите ќе бидат од типот Ф-16 и ќе бидат наменети за воена вежба.Американскиот воен брод со ракети на наведување “Тракстун”, сношти влезе во водите на Црното Море, каде што е стационирана Руската флота наменета з