САД прислушкувале и во Москва?!

Американската агенција за национална безбедност имала поставено сервер за следење на податоци кои се разменуваат на интернет и во Москва.Американската агенција за национална безбедност имала поставено сервер за следење на податоци кои се разменуваат на интернет и во Москва, пишува весникот Ведомости повикувајќи се на информации од Гардијан кои британскиот весник ги добил од поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден.
Рускиот весник пишува дека оваа информација била наведена во презентацијата на агенцијата за 2008 година во која биле претставени 700 сервери од системот ЕксКискор. Руските специјални служби не истражувале дали постои и каде би можел да се наоѓа серверот, но речиси сигурно е дека бил во амбасадата на САД во Москва.
Директорот на координативниот центар за национален домејн на интернет Андреј Клесников вели дека е невозможно таков сервер да биде скриен и незабележан, ако се земе предвид обемот на размена на информации за корисниците.
Сноуден откри податоци за тоа како САД преку системот на националната безбедносна служба Призм следат и прислушкуваат корисници на интернет ширум светот.
Извор: РепубликаАмериканската агенција за национална безбедност имала поставено сервер за следење на податоци кои се разменуваат на ин

Пронајдете не на следниве мрежи: