САД се подготвува за присилно сместување на илјадници луѓе во карантин поради еболата

Нешто се случува во САД. По експресно усвоените законски одредби, полицијата и здравствените служби ќе имаат право со примена на сила да сместат во карантин и здрави лица, за кои постои сомневање дека се наоѓале во близина на некое заразено лице. Независните аналитичари сметаат дека оваа можност ќе биде злоупотребена.Поранешниот вработен во FDA, д-р Скот Готлиб, предупреди дека епидемијата на еболата неминовно ќе ги погоди американските градови во скора иднина и дека илјадници луѓе ќе бидат присилени да поминат време во карантин.
– Некаде во јануари или февруари ќе се појават поголеми и почести епидемии на ебола во американските градови. Бидејќи во тој период ќе биде актуелна епидемијата на грипот, ќе дојде до целосна збунетост со што јавните здравствени организации ќе имаат потешкотии да се справат со сите потенцијални „контакти“ – изјави Готлиб.
Готлиб понатаму предвидува дека кога еболата ќе ја нападне Латинска Америка, САД неминовно ќе прима нови случаи на заразени.
– Бидејќи увидовме каква паника настана кога се појавија само неколку изолирани случаи на заразени од ебола, логично е да се заклучи дека појавата на поголем број такви случаи ќе има значајно влијание врз нашиот економски и социјален живот – додава тој.
Готлиб предупреди дека ако еболата добие пошироки размери во САД, власта ќе се повика на своето право да „го задржи здравото лице против негова волја“, користејќи ги овластувањата кои ги има.
Имено, владата на САД веќе нарача 250.000 Хазмат костими, кои ќе бидат доставени во Далас, Тексас – местото каде што се појави првиот случај на ебола во таа земја.Поранешниот вработен во FDA, д-р Скот Готлиб, предупреди дека епидемијата на еболата неминовно ќе ги погоди американските градови во скора иднина и

Пронајдете не на следниве мрежи: