Синдикатот на работниците во администрацијата и државната управа реагира на екстремното влошување на условите за работа на вработените во институциите под капата на министерството за труд и социјална политика.Интегрален текст од реакцијата на САДУ
Напоменуваме дека одмаздничкиот однос не е вперен само кон оние кои извршуваат функции во јавните установи.
Во нашите разграноци низ државата има масовни реакции од незадоволство на наши членови после објавата на медиумите кои не беа демантирани од техничката министерка дека вработените останале без осигурување. Ние сме должни да реагираме и да ги заштитиме интересите на вработените во државната управа односно вработените во јавните установи и центри за социјална работа.
Дали е возможно ова министерството кое има законска должност да ги унапредува и подобрува правата на работниците да прави ваков престап на основно право на работникот право на безбедност?
Укажуваме дека нас како синдикат не нѐ интересираат техничките и произволни изговори кои би дошле од министерството зошто во моментов се неосигурани вработените под нивна капа. Ја предупредуваме техничката министерка за труд и социјална политика доколку продолжи вакво отворено кршење на работничките права со било кој нејзин нареден гест, ќе пристапиме кон радикализирање и ќе ги информираме меѓународните организации.
Внатрешниот хаос во министерството не може да се рефлектира врз грбот на работникот, не постојат никакви изговори!Интегрален текст од реакцијата на САДУ
Напоменуваме дека одмаздничкиот однос не е вперен само кон оние кои извршуваат функ