Саем на Полошкиот регион под име „Полог: природа, култура, авантура“

2016 година, во 11:00 часот во центарот за дизајн Јавна Соба ќе се отвори саем на Полошкиот регион под име „Полог: природа, култура, авантура“ на кој 15 мали и средни бизниси од регионот ќе ги изложат и продаваат нивните производи – традиционална храна и облека, филигран, копаничарство, природна козметика, мебел, туристички услуги и друго. За време на отворањето, посетителите ќе имаат прилика да погледнат неколку занаетчиски презентации – копаничарство, рачна декорација на облека со срма и декорација на торта. Саемот ќе се одвива од 7-ми до 9-ти април, а влезот е слободен за сите посетители.Саемот „Полог: природа, култура, авантура“ е организиран од Локалната акциона група Боговиње-Брвеница во партнерство со Јавна Соба и со поддршка од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија. Директорот на УСАИД Џејмс Стаин и заменичката амбасадорка на Швајцарија Катерин Штокер ќе бидат присутни на отворањето и достапни за изјави.
Локалната акциона група (ЛАГ) Боговиње-Брвеница е здружение на граѓани сочинето од претставници на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од општините Боговиње и Брвеница. Здружението е основано како дел од воведувањето на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот за локален економски развој во руралните средини. Во таа рамка, ЛАГ-от го организира овој саем како можност за презентирање на квалитетни и иновативни производи од Полог пред поголема публика на потрошуваци, со крајна цел да го потпомогне проширувањето на малите бизниси преку зголемување на побарувачката.Саемот „Полог: природа, култура, авантура“ е организиран од Локалната акциона група Боговиње-Брвеница во партнерство со Јавна Соба

Пронајдете не на следниве мрежи: