Сафирите имаат важна улога во кралското семејство

Кога во 2010 година, во медиумите се прошири веста за веридбата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, најголемиот фокус бил 12 каратниот веренички прстен со сафир и 14 дијаманти. Но, овој прстен не е обичен бидејќи зад него се крие долга историја. Тој е изработен од британскиот златар Гарард, а пред да го има Кејт, овој прстен ѝ припаѓал на принцезата Дијана.Сафирити со векови им биле омилени на британската монархија, а се започнало од 1840 година кога принцот Алберт ѝ подарил на својата сопруга златен брош со сафир опкружен со дијаманти. Креативниот Гарард неодамна изјавил дека кралицата Викторија толку многу го сакала брошот што одлучила да го носи и на денот на венчавката. 
Подоцна, брошот ѝ припаднал на кралицата Елизабета Втора, а некои велат дека токму тој брош бил инспирација за принцот Чарлс кога бирал веренички прстен за Дијана.
 
“Принцот Чарлс одсекогаш бил воодушевен со синиот брош на својата мајка, а кога дојде кај нас и го забележа овој прстен, знаел дека тој е вистинскиот избор за Дијана”, вели Гарард.

 Откако се случи трагичната смрт на принцезата Дијана, некои извори велат дека Вилијам и Хари смееле да земат само два предмети за спомен од нивната мајка. Вилијам го одбрал златниот рачен часовник Картиер, а Хари прстенот со сафир. Но, кога Хари ја воочил љубовта меѓу Вилијам и Кејт, му го предал прстенот на својот брат, а за возврат го добил златниот часовник.
 
 Сафирити со векови им биле омилени на британската монархија, а се започнало од 1840 година кога принцот Алберт ѝ подарил на својата сопруга златен

Пронајдете не на следниве мрежи: