Сага за семејството Романов: ДНК анализа успеа да реши една од најголемите светски мистерии!

Соопштението на руските научници ќе овозможи целото семејство Романов, чии членови во 1918 година биле убиени од страна на болшевиците, конечно да биде погребано на исто место во катедралата во Санкт Петербург.Руската православна црква во 2000 година го канонизирала царското семејство, но од посебна форензичка комисија побарала дополнителни докази дали навистина станува збор за остатоците на царот и царицата, како и на Алексеј и Марија, двете од петте царски деца, чии остатоци биле дополнително пронајдени.
За таа цел, форензичарите во септември ги ексхумирале остатоците на Николај и Александра и зеле ДНК примероци кои претходно не биле анализирани. Земените примероци одговарале на претходните откритија и ја потврдиле автентичноста, објавила комисијата.
„Примероците покажаа хетероплазма – ретка генетска мутација која се покажа и во претходните земени и анализирани примероци на Николај Втори“, беше соопштено.
Николај Втори, неговата сопруга, петте нивни деца и слугинките, биле убиени од страна на болшевиците во 1918 година во Екатеринбург, а телата биле закопани во шума на Урал.
Во 1991 година, телата на царскиот пар и трите нивни ќерки биле пренесени во Санкт Петербург, но биле ексхумирани во 1993 година за да се потврди нивната автентичност. Остатоците на Алексеј и Марија биле пронајдени дури во 2007 година, па била побарана дополнителна анализа.
Комисијата најави дека во среда ќе бидат спроведени уште неколку тестови за да се донесе „добар и темелен конечен заклучок“.
Во октомври, комисијата најави дека во рамките на истата истрага ќе ги ексхумира и остатоците на цар Александар Трети, таткото на Николај.Руската православна црква во 2000 година го канонизирала царското семејство, но од посебна форензичка комисија побарала дополнителни докази дали на

Пронајдете не на следниве мрежи: