Сајковски: ДИК непотребно го пролонгира постизборниот процес

Државната изборна комисија на еден неорганизиран начин го пролонгира постизборниот процес, што е непотребно и нелогично со оглед на тоа што изборниот ден помина на еден мирен и демократски начин и со голема излезност.Влатко Сајковски, поранешен член на Државната изборна комисија во разговор за Телевизија Нова вели дека приговорите кои ги доставија СДСМ и БЕСА немаат докази и издржаност и многу долго време се разгледуваат со што ДИК се доведува во апсурдна ситуација.
-Од она што можеше секој во Македонија да го види пред малите екрани, е јасно дека приговорите доставени до ДИК се чисто математички приговори без некоја поткрепа во смисла на материјални докази и истите навистина е жално што толку долго се разгледуваат и се цени нивната материјална докажаност. Навистина сметам дека самиот орган се доведува до апсурдни ситуации, вели тој.
Тој порачува дека  треба поскоро да се стави крај на оваа процедура и да се врати довербата на оваа институција која е највисок изборен орган.
 
Целото гостување погледнете го на следниот линк:
Влатко Сајковски, поранешен член на Државната изборна комисија во разговор за Телевизија Нова вели дека приговорите кои ги доставија СДСМ и БЕСА не

Пронајдете не на следниве мрежи: