Предлогот за албанскиот јазик е камен на сопнување меѓу преговарачките тимови на СДСМ и ДУИ за да бидат прифатени гаранциите кои на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му ги испратил лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за тој да ги добие десетте пратенички потписи од ДУИ за состав на влада.И додека СДСМ е оптимист дека испратениот документ до ДУИ гарантира брзо собирање потписи за формирање влада, од Мала Речица се повоздржани, особено поради понудата за албанскиот јазик за која, како што велат, е отворено прашање за кое се разговара.
Ахмети со писмениот документ од Заев синоќа требаше да го запознае Зијадин Села од „Алијансата за Албанците“ и со тоа, како што неодамна најави потпретседателката на ДУИ и преговарач, Теута Арифи, да почнат консултациите со партиите потписнички на албанската платформа за евентуална владина коалиција со СДСМ.
Kако што веќе објавиви весникот, дел од пакетот писмени гаранции за влада, СДСМ, освен предлогот за унапредување на албанскиот јазик, се и продолжување на мандатот на СЈО, ЕУ и НАТО-определбата и спроведувањето на препораките од извештајот на Прибе.
Висок функционер на ДУИ, иако не ја открива содржината на предлогот за јазикот, потврдил за „Дневник“ дека од СДСМ не го добиле тоа што го барале, односно во писмените гаранции нема понуда за официјализирање на албанскиот јазик на цела територија. Барањето на ДУИ и на потписниците на албанската платформа е „постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик во сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија“.
– Преговараме за јазикот и с` уште нема краен резултат за да се изјасниме. Правиме закон кој ќе биде во рамките на Уставот и на Рамковниот договор – вели за „Дневник“ функционер на ДУИ.
Впечатокот е дека крилото на ДУИ кое е наклонето за влада со СДСМ е подготвено на отстапки за јазикот бидејќи првичното барање е целосна еднаквост на двата јазика на сите нивоа. Неофицијално, крилото блиско до СДСМ ќе треба да ги убеди лидерот Ахмети и групата поблиска до ВМРО-ДПМНЕ да прифатат унапредување на албанскиот јазик во рамките на Уставот. Ова ќе значи дека на Централното претседателство допрва ќе се кршат копјата дали да се прифати понудата на СДСМ или Заев ќе извиси за потписите на интегративците. И други функционери од ДУИ потврдуваат дека предлогот за јазикот е далеку од барањата и очекувањата.
Според извори од ДУИ наклонети за коалиција со СДСМ, нема отворени прашања со социјалдемократите кога станува збор за продолжување на мандатот на СЈО, за ЕУ и НАТО-интеграцијата, за спроведување на извештајот на Прибе.
Но, од другото крило навестуваат дека за СЈО ќе дадат целосна поддршка доколку СДСМ гарантира дека ќе има нови судења за случаите „Сопот“, „Монструм“, „Бродец“, „Диво Насеље“, и тоа спроведени од меѓународни истражни тимови и судските процеси заради транспарентност да одат во живо на телевизија.
Несогласувања меѓу двете крила кои допрва ќе се разгледуваат на Централното претседателство, како што дознаваме, има и за други прашања од албанската платформа.
Kрилото наклонето кон СДСМ омекнува и кога станува збор за усвојување резолуција во Собранието со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956. Сега од таму истакнуваат дека резолуцијата би можела да гласи дека се однесува на сите народи, а не само на Албанците. За другите прашања од албанската платформа допрва ќе се разговара меѓу ДУИ и СДСМ.
Ахмети на средба кај Села, Беса чека покана
Од ДУИ велат дека с` уште нема информација кога Ахмети ќе закаже состанок на највисокиот партиски орган. Јасно е дека Централното претседателство на ДУИ нема да заседава додека Ахмети не се консултира за писмените гаранции од Заев со „Алијансата за Албанците“ и со Беса како потписници на албанската платформа.
Ахмети синоќа требаше да се сретне со Села и да му го презентира предлогот на Заев за владина коалиција, но и да го запознае со текот на преговорите меѓу ДУИ и СДСМ.
Беса сe` уште нема покана од Ахмети за средба. Поради нетрпеливоста меѓу ДУИ и Беса, можно е партијата на Билал Kасами за преговорите меѓу ДУИ и СДСМ да биде информирана од социјалдемократите.
Извор: ДневникИ додека СДСМ е оптимист дека испратениот документ до ДУИ гарантира брзо собирање потписи за формирање влада, од Мала Речица се повоздржани, особен