Затвори ги очите и замисли ја својата татковина. Излези, искористи викенд и прошетај по убавите места во нашата ни мила Македонија.Ако еден странец турист може да патува илјадници километри за да ја види Македонија, зошто да не можеш и ти? Почитувај сѐ што е македонско, цени ја својата култура и традиција!
Треба едно да запомните каде и да сте, на крај на свет да сте, длабоко во вашето срце и душа ќе биде врежана МАКЕДОНИЈА.
Тука си роден, тука си го поминал своето детство, тука си стекнал пријатели, тука ти се најблиските, тука припаѓаш, тука и само тука си ДОМА! Разбудете го патриотот во себе, помисли на илјадниците млади згаснати животи за Македонија, помисли на твоите предци кои се бореле за слободна и независна МАКЕДОНИЈА.
Размисли и не дозволувај еден предавник, платеник и манипулатор да уништи сѐ што со години се градело. Разговарај со луѓето, разговарај и со најголемиот комуњар и убеди го како ти што си убеден дека овој пат се работи за опстанокот на татковината, а не за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ!
ВМРО-ДПМНЕ владееше, владее и ќе владее во иднина и тоа воопшто не е спорно! Да не дозволиме СДСМ и неговата погубна политика да нѐ остават без нашата татковина, без нашиот КОД, по кој нѐ препознава целиот свет!
Јас сум МАКЕДОНЧИШТЕ, мојот јазик е МАКЕДОНСКИ, а мојата татковина се вика МАКЕДОНИЈА! А ТИ?
Костадин КерпичоскиАко еден странец турист може да патува илјадници километри за да ја види Македонија, зошто да не можеш и ти? Почитувај сѐ што е македонско, цени ја