И официјално Катица стана портпарол на Заев, следејќи ја неговата политика на непризнавање на Владата, Уставниот суд, Собранието, судството, таа денес даде изјава со која не го признава Собранието кое го формираше Специјалното јавно обвинителство. Ова е невиден преседан кој укажува на политичката пристрасност и слепо водење и слушање на постапките на СДСМ и Заев.-Сите институции се нелегитимни освен Специјалното обвинителство. Предметот Титаник покажа дека сите избори од 2011 се нелегитмни а со тоа нелегитимни се избраните институции како што е Уставниот суд, Собранието и Владата, затоа би му порачале на Уставниот суд да го почитува Специјалното обвинителство, рече денеска на конференцијата за антикорупција, специјалната обвинителка Катица Јанева.
Ваквиот став на Јанева дојдеа како одговор на прашањето како ја коментира одлуката на Уставниот суд за укинување на измените во Законот за помилување, пишува Прес 24.
Нејзината колешка која го предводи националното биро за борба против корупција во Романија, Лаура Ковеси потенцираше дека сите институции во Романија, меѓусебно се почитуваат и соработуваат во рамки на своите законски надлежности. Романското обвинителство ужива доверба од над 60% од граѓаните поради високиот степен на транспарентност. На новинарското прашање околу транспарентноста на Специјалното обвинителство, Катица Јанева децидно одговори дека нема намера да се појави ниту пред Собранието ниту пред Советот на јавни обвинители и повторно не даде одговор на прашањата на јавноста од кои што со месеци бега
-Отворено кажувам дека нема да се појавам ниту пред Собранието ниту пред советот на јавни обвинители за да го образложам мојот извештај бидејќи мојот извештај е многу мал и се однесува на малечок период. Што се однесува до мојот имот јас имам 2 стана на моите синови и друг имот на мое име а мојот имот дополнително и ќе се зголемува бидејќи уште не сум наследила ништо од моите родители. Јас мојот имот сум го заработила со овие 10 прсти, рече Катица Јанева не одговарајќи зошто тогаш побарала државен стан.
На конференцијата учествуваше и јавниот обвинител Марко Зврлевски.
Интересно е што Катица Јанева излегува со изјава дека Собранието е нелегитимно, а токму таа и нејзиното обвинителство се избрани од законодавниот дом кој исто така го одобри и нејзиниот буџет.-Сите институции се нелегитимни освен Специјалното обвинителство. Предметот Титаник покажа дека сите избори од 2011 се нелегитмни а со тоа нелегити