Сакајте се да ве сакаат!

Доколку зрачиме со самодоверба, ќе привлекуваме лица кои ќе не ценат, меѓутоа доколку сме незадоволни со својата личност секогаш ќе наидуваме на лица кои ќе не критикуваат, ова е потврдено од психолози. Обично лицата кои се сакаат и  имаат високо мислење за себе, имаат ефект на магнет врз сите личности кои се во нивната околина. Односот кон самите себе и начинот на кој се доживувате се формира уште во најраната животна доба и голема улога има  вашето  семејство. За да го освестите тоа влијание, замислете си дека вие сте сонцето а членовите на семејството планети. Оние кои имаат најголемо влијание најблиску се вртат околу вас. 
Покажете дека уживате во животот, скрстените раце, срамежливиот или остар израз на лицето ќе изгледаат одбивно. Бидете позитивни, секогаш насмеани така сите ќе сакаат да бидат во ваше друштво, затоа што вие ќе бидете како сонцето едноставно ќе блескате, кога вашето расположение и насмевка ќе згасне тогаш и ефектот врз другите ќе биде обратен.
Кога ќе се погледнете со некого во очи, не ја спуштајте главата. Задржете го храбро погледот затоа што тој открива многу за вашата личност. Како што велат еден поглед кажува се, така и во овој случај тој говори за тоа колку сигурна личност сте вие. Студиите покажале дека мажите преферираат да изберат фотографии на жени чии зеници се раширени затоа што дирекниот поглед ги возбудува и привлекува. За да измерите колку другите ве почитуваат, најпрвин согледајте колку искрено вие се почитувате. Почитта се стекнува со коректен однос како према себе, така и спрема другите. Трудете се да не се разочарате никогаш самите себеси, погледнувајте се во огледало и сакајте се не мислам само на физичкиот изглед , согледајте ја вашата внатрешна убавина, која зрачи од вас и ги запленува и најкрутите срца во околината… И за крај не заборавајте на еден битен сегмент, сакајте се за да ве сакаат но немојте да се преценувате и да летате премногу високо. Постои една изрека “Кој високо лета ниско паѓа”… Умереноста е клучот кој ќе ви послужи многу  во животот, затоа искористете го рационално.Доколку зрачиме со самодоверба, ќе привлекуваме лица кои ќе не ценат, меѓутоа доколку сме незадоволни со својата лично

Пронајдете не на следниве мрежи: