вторник, 24 ноември 2026
Најново

Сакал да се убие и рипнал во кафез со лавови

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Франко Луис Ферад (20) се обидел да изврши самоубиство скокајќи во кафез за лавови во една чилеанска зоолошка градина. Во зоолошката влегол како и сите посетители, уредно и со карта. Потоа им побегнал на стражарите, се качил на кафезот, се соблекол и скокнал.
Лавовите прво сакале да се играат со него и биле многу мирни, но по неговите провокации го нападнале! Еден од вработените се обидел со инекција да ги успие жестоките животни, но не успеал да ги погоди. Два лава, на возраст од 20 години биле убиени со пушка. 
Франко Луис Ферад бил хоспитализиран и неговата состојба е стабилна. На еден дел од нападот воопшто не се сеќава, затоа што една инекција наместо лавовите го погодила него.

Поврзани вести