Сакала да прави селфи фотографии и да ги објавува на интернет, а потоа еден телефонски повик променил се

Грејс Мар (20) од Бирмингем немала поим дека нејзините селфи фотографии се користат за еден познат сајт за запознавање поради секс без обврски. Фотографиите и биле украдени од Фејсбук, и користени за реклами за овој сајт. Грејс за тоа дознала дури кога на телефон ја побарал пријател на нејзината мајка и и рекол дека видел нејзина фотографија на реклама за секси сајт.Грејс, инаку студенстка по англиски јазик, тврди дека била згрозна кога дознала дека со помош на нејзините слики се рекламира сајт за запознавање „згодни напалени самци во вашето соседство“.
Таа сега сака да ги предупреди сите млади девојки да внимаваат што прават на социјалните мрежи и да поведат сметка за безбедносните поставки.
„Тоа се случи откако се вратив на факултет на почетокот на новото полугодие. Ме побара пријателот на мајка ми кој работи во копјутерска компанија, и ми рече дека ја видел мојата слика на чудна реклама. Ми рече дека се работи за поп-ап реклама, и дека покрај мојата фотографија пишувало „Ја познавате ли оваа девојка?“, вели Грејс.

Тој и рекол дека не се сеќава на името на сајтот, но и објаснил дека се работи за старана со која никако не би сакале да бидете во врска.
„Прво сум посрамена, а потоа и јас и мајка ми се загриживме. Не сакам некој да ми ги превзема фотографиите и да ги менува, а потоа да ги користи за порно сајт. Се работи најмалку за две или три слики, и бев многу нервозна поради тоа“, објаснува младата Грејс.

Таа оттогаш ја променила лозинката на профилот и ги зголемила безбедносните поставки. Ги советува сите девојки да ги менуваат лозинките барем еднаш месечно.
„Целото ова искуство е страшно и грдо. Јас немам разголени фотографии на интернет, но се плашам дека тие со фотошоп би можеле да ги направат да изгледаат така. Не знам што уште имаше таму, или што се уште има. Би сакала луѓето да бидат внимателни и свесни за тоа за и на нив да не им се случи истото“, објаснува Грејс.Грејс, инаку студенстка по англиски јазик, тврди дека била згрозна кога дознала дека со помош на нејзините слики се рекламира сајт за запознавање &

Пронајдете не на следниве мрежи: