Каталина Мартин и Метју Дејвис посакувале дете. И двајцата веќе имале деца од првите бракови, но сакале нивно заедничко дете. Но едноставно не успевале.Докторите на 28-годишната Каталина и кажале дека поради пореметување на метаболизмот нема да може да има дете преку природен пат, па и советувале да размисли за вештачко оплодување.
Но само неколку месеци покасно, Каталина и Метју примиле добра вест. Каталина останала трудна по природен пат.
Но ништо не можело да ги припреми за првиот ултразвук. Каталина носела четворка.
Веројатноста да роди четворка била 700000:1
Мултипната бременост настанува кога ќе дојде до оплодување на повеќе од една јајце клетка или кога ќелијата на јајце клетката непосредно после оплодувањето се поделува.
Во матката на Каталина растеле четири бебиња, зачнати од две јајце клетки. Најчесто, четворките се зачнуваат во четири јајце клетки.
Експертите кажуваат дека овој случај е многу редок.
После 27-та недела од бременоста, Каталина ги родила девојчињата Софија и Амелија и момчињата Роман и Астон со помош на царски рез.
„Бев пресреќна, бидејќи сите ни беа здрави и живи. Сега се уште не можам да им се изнагледам кога спијат во нивните креветчиња“ –изјавила Катарина.
Докторите на 28-годишната Каталина и кажале дека поради пореметување на метаболизмот нема да може да има дете преку природен пат, па и советувале д



