Жителите на англиското село Флексли пред три години мислеле дека фестивалот „Swingfields“ кој тие денови бил организиран е еден од низата музички фестивали, но многу погрешиле.Иако се работело за фестивал со музика, посетителите кои дошле во нивното селце имале само една работа на ум- секс.
Кон крајот на јуни во Флексли ќе се одржи четвртиот во низа „Swingfields“ фестивал кој до сега прераснал во најголема оргија во Европа, можеби дури и во светот. Се очекува да пристигнат повеќе од 700 луѓе, главно парови. Влезовите за брачните парови чинат околу 300 евра, додека за поединци цените варираат – за девојки 160 евра, а за мажи 240 евра.
Освен влезници, секој посетител мора да приложи документ дека е здрав. Освен во секс, ќе можат да уживаат во сауни, топли купки и концерти.
Жителите на ова село минатата година протестирале поради фестивалот, па очекувале дека оваа година нема да се одржи. На нивно разочарување, организаторите најавуваат дека настанот ќе биде поголем од било кога. Освен гласна музика, на селаните им сметала и долната облека која со месеци подоцна ја наоѓале на своите полјани.Иако се работело за фестивал со музика, посетителите кои дошле во нивното селце имале само една работа на ум- секс.