„Сакам да имаме бебе“: Стравични предлози од педофилот од Врање до 13-годишното девојче кое го прогонувал

„По цели денови плачам. Срам ми е и исплашена сум дека ќе посегне по поите, рече дека кога ќе излезе од затворот ќе ги уништи мајка ми и татко ми“. Вака за српски Блиц ја почнува својата исповед 13-годишната Н.С. од Врање, жртва на Ненад Стевановиќ Роки (37), кој е уапсен поради сомнение дека вршел недозволиви полови работи врз детето.Ние се запознавме преку Фејсбук. Ми прати порака: „Што правиш, како си?“ и така почна се. Видов дека е постар, но на почетокот не ми пречеше. Се заљубив – раскажува ова девојче.
За време на врската Стевановиќ и купувал разни подароци.
– Од него добив плишано срце, парфеми, магнет..Сега се е на суд – објаснува девојчето.
Честото спомнување на свадби, раѓање деца од страна на Стефановиќ, ова девојче со време почнало да ја одбива од него.
– Пред него имав момче кое беше возрасно колку мене и тој никогаш не зборуваше такви работи. Ненад често викаше „Сакам да имам дете со тебе“, „Сакам да спијам со тебе“, јас му велев да не зборува за тоа зошто јас имам 13 години. Дека тоа не ме интересира. Тој никогаш не се обиде да спие со мене бидејќи јас тоа не му го дозволив – вели таа и додава дека Стефановиќ никогаш не ја запознал со ниту еден нејзин пријател.
Го загрижувало, раскажува таа, нејзиното семејство и се она што таа го наведувала како причина за одбивање на неговите планови.
– Ми кажа дека не му е важно и дека му е гајле за се. За моето семејство и за сите причини зошто не сакам се што сака тој – раскажува девојчето.

Како што истакнува, од раскинувањето па наваму живее во голем страв.
– Се плашам да не им направи нешто на моите. Ми е страв да не ја начека некаде мојата мајка и да ја удри. Ми рече дека кога ќе излезе од затвор ќе ги уништи моите, дека ќе го запамтат додека е жив. Но, тој може да му каже и на некој другар тоа да го направи за него. Многу се плашам и многу ми е срам – со треперлив глас раскажува Н.С.
Од другарите во училиште има голема поддршка.
Директорката на Центарот за социјална работа во Врање, Драгана Арсиќ не одговорила на повиците. Мајката на девојчето Весна С. вели дека во јули се обратила во Центарот, но манијакот е уапсен дури откако во јавноста се појавиле снимки. Ние се запознавме преку Фејсбук. Ми прати порака: „Што правиш, како си?“ и така почна се. Видов дека е постар, но на почетокот не ми пр

Пронајдете не на следниве мрежи: