Сакате да бидете „немирни“ на плажа?

Сонце, море, плажа голи тела… Ако ве понесе оваа атмосфера и сакате секс на плажа, еве неколку совети.
Најмалку што сакате во тој момент е некој да ве „фати“ и да ви го расипе целото волшебство. Затоа најдете некое скришно место зад карпите и почекајте ја ноќта. Не само што е помала веројатноста некој да ве прекине, туку ноќта и ѕвездите над вас ќе ја распламтат страста а тоа ќе ви овозможи да го почувствувате секој допир.
Облечете се на тој начин на кој ќе можете побрзо да се соблечете и уште побрзо повторно да се облечете. Предлог за момчињата е да облечат шорцеви кои можат лесно да се „навлечат“, а девојките можат да облечат фустанче, кое ќе можат со еден потег да го спуштат и да ја сокријат „акцијата“.
Кога сакате секс на јавно место важно е и да водите сметка за позата. Најдобро е девојката да биде одозгора, или пак да пробате обратна „Cowgirl“ поза, така што ако некој наиде, ќе изгледа како девојката да ви седи во скутот.
Ставете пешкири околу вас. На тој начин ќе постигнете вашата „тајна акција“ да изгледа потполно невино. Можете дури и да направите дупка во песокот, така што момчето ќе може да легне таму кога ќе се разгорат страстите, а девојката ќе му седна во скут, така што за случајните минувачи ништо нема да изгледа сомнително.
Без оглед на тоа која поза ќе ја одберете, потрудете се да бидете брзи. Можноста да бидете „уловени“ го прави сексот на јавно место посебно возбудлив.
Ако сепак не сакате да ризикувате дека некој ќе ве прекине во текот на сексот на плажа, пробајте секс во вода. Отпливајте кон морето, соблечете ги костумите за капење и уживајте. Можете да понесете и душек, или некој друг погоден реквизит.Сонце, море, плажа голи тела… Ако ве понесе оваа атмосфера и сакате секс на плажа, еве неколку совети.

Пронајдете не на следниве мрежи: