Сакате да ги намалите килограмите? Овој алкохолен напиток може да ви помогне!

Ново истражување покажа дека состојките во грозјето можат да ни помогнат во борбата против килограмите.Грозјето и виното содржат состокја за која е откриено дека е во состојба салото да го претвори во „кафено“ сало заслужно за согорување на калориите.
Студијата објавена во интернационално списание за дебелина следела што се случува кога научниците им давале на глувците еквивалент на грозје кој луѓето би требало да го земаат секојдневно- 340 грама.
Тие откриле дека глувците добивале 40 проценти помалку килажа отколку глодарите кои не го добивале соединението ресвератол.
Научниците зад студијата веруваат дека глувците биле во состојба вишокот „бело“ сало да го претворат во активно „браон“ сало кое согорува калории, и за возрат го намалува дебелеењето.
Истражувањето исто така укажува и дека и другите хемикалии во овошјето можат да имаат сличен ефект.
„Полифенолиоте во овошјето ја зголемуваат оксидацијата на мастите за телото да не биде преоптеретено. Тие го претвораат белото сало во кафено сало кое ги согорува мастите како топлина и така му помага на телото да остене во баланс и да го спречи дебелеењето“, тврди професорот Мин Ду, предводник на студиите.
Сепак, експертите советуваат конзумирање на овошје и умереност во виното бидејќи при процесот на неговото правење се губат одредени бенефити кои ги има во свежото грозје.Грозјето и виното содржат состокја за која е откриено дека е во состојба салото да го претвори во „кафено“ сало заслужно за согорување

Пронајдете не на следниве мрежи: