Сакате да ослабете? – Попуштете го греењето!

Едно истражување кое е спроведено во Шкотска покажало дека луѓето во топлите домови губат повеќе килограми за разлика од оние кои дома имаат послабо греење.Колку ви е посилно греењето, толку ќе бидете послаби. Ова истражување е направено во периодот помеѓу 1995-та и 2007-та година во соработка со повеќе од 100.000 луѓе кои во нивните станови имале централно греење и се покажало дека колку домот е потопол, толку луѓето имаат повитка фигура.
Температурите над 23 степени во станот се поврзани со низок индекс на телесната маса кај луѓето. Истовремено топлината допринесува за поголемо трошење на енергијата, но и помалку апетит, поради што луѓето слабеат.
Научниците овој феномен го објаснуваат така што телото мора да ја одржува постојаната температура, поради што и премногу топлите простории имаат потреба да ја отпуштаат топлината. Со оглед на тоа дека овој процес бара енергија, доаѓа до нејзино трошење и со самото тоа слабеење.
Сепак, научниците напоменуваат дека во текот на зимата не е доволно само да престојувате во топли простории а да ослабете, особено не во празничните денови кога сте изложени на богатите трпези.
Се советува да внесете барем пет оброци дневно, од кои треба многу овошје и зеленчук, кои ќе ве направат сити, а со самото тоа ќе го спречите и внесувањето на масти и шеќери во организмот.Колку ви е посилно греењето, толку ќе бидете послаби. Ова истражување е направено во периодот помеѓу 1995-та и 2007-та

Пронајдете не на следниве мрежи: