Одамна е познато дека правилната исхрана помага за долготраен и квалитетен живот. Ова се намирниците кои позитивно ќе влијаат на вашето здравје.Авокадо
Иако, многумина го одбегнуваат поради мноштвото калории, тоа навистина не е потребно. Авокатото е многу хранливо и ќе ви помогне да се почувствувате сити поради високата концентрација на маснотии и влакна.
Ореви
Накртко, јадете ореви и сочувајте здрав мозок! Истражувањето покажува дека една порција јаткасти плодови (особено ореви) дневно, игра важна улога во превенција на Алцхајмерова болест. Ја зајакнува меморијата и ја намалува депресијата.
Грав
Н а оваа листа се најде и гравот, кој е неверојатна билна белковина. Нема маснотии ни холестерол, а богат е со влакна, протеини, железо, магнезиум и калиум. Сето тоа помага во заштита против гојазност, рак на дебелото црево, дијабетес и срцеви болести.
Кикирики
Баш како гравот, кикириките имаат многу слични хранливи својства. Тие се богат извор на протеини и незаситени масти. Содржат и силни антиоксиданси, кои позитивно влијаат на кардиоваскуларниот систем.
Снегулки од зоб
Ниту една храна нема да ви обезбеди се што ви е потребно, но зобните снегулки, би требало да бидат вклучени во секојдневниот избор на храна. Тие содржат железо и витамин Б1.
Чај
Посебно е здрав зелениот. Тој е извор на полифенол – антиоксиданс, кој штити од неколку видови на рак, како и го намалува ризикот од болести на срцето и можочен удар.
Бадеми
Можете да ги вклучите во исхраната како грицки, на пример наместо чипс или смоки, но и во секојдневните оброци. Тие се добар извор на влакна, а содржат и калциум за коските и цинк за подобрување на имунитетот.Авокадо
Иако, многумина го одбегнуваат поради мноштвото калории, тоа навистина не е потребно. Авокатото е многу хранливо и



