Сакате или не сакате флерт? – Одговорот зависи од вашиот хороскоп!

Сакате или не сакате флерт? Одговорот на ова прашање зависи и од вашиот хороскоп. Прочитајте како.

Овен – Лесен плен сте за искусните шармери и заводници, реагирате спонтано, нагонски на еротско повикување на авантура. Приликата за флерт ве врбува од сите страни, тоа може да биде млада, убава колешка или оној згоден комшија кој не го тргнува погледот од вас. Ве гризе совест према сталниот партнер, чувствувате кога се ќе пројде.

Бик – Иако сте тешко освоива тврдина, оној кој добро ќе се помачи за вас, може да ве заведе. Шансите му растат ако е упорен, нежен и ве опсипува со поклони, бонбоњера или цвеќе, ако е покрај вас кога ви е потребна поддршка. Ако ве мази и љуби со саати, без прекин, нема толку да мислите на постојаниот партнер.

Близнаци – Вас е лесно да ве заведат, тоа секогаш го посакувате, бидејќи без флерт и авантура, животот не ви е доволно интересен. Дури и кога ќе се заколнете верност на постојаниот партнер, големи се шансите да паднете на нечиј шарм. Можеби баш тогаш тој галантен колега или некоја долгонога колешка, ќе ве повика на кафе.

Рак – Иако сте верни, мечтаете по авантура и грев, и тоа баш ако вашиот партнер ве занемарува. Тивка спора музика, опуштена атмосфера, искусниот удварач кој ништо не пропушта на случајност, ве влече вас во авантура, од која секогаш излегувате посилни. За секој случај, останувате во контакт со освојувачот или со фаталната заводничка.

Лав – Иако сте многу темпераментни, не се тргнувате од правиот пат. Некој да ве освои, мора да понуди многу повеќе од постојаниот партнер. Бидејки за кралица или принц, треба добро да се потруди. Откако ќе се уверите дека е жртвата принесена, додворувачот може да се надева со таен еротски состанок со вас.

Девица – Вие сте тврд орев кој не е лесно да се скрши. Вашата вродена смисла за реалност ве спречува да влетате во непромислена авантура. Меѓутоа, и тој ваш затегнат ерос, еднаш може да попушти, и тогаш се препуштате на уживањето. Можеби со онаа насмеана, романтична колешка или со шармантниот духовит колега.

Вага – Сакате долго да бидете освојувани, да ве шармираат, се искршија по вас… Сепак, на шармантниот кавалер со добри манири, тешко можете да му одолеете. Ако е дискретен и стравствен, роден е за романса со вас. Иако уживате во секогашна игра на заведување и предавање, постојаниот партнер сепак не го испуштајте од вид, а ниту пак од рака.

Шкорпија – Вие секогаш па и во љубовта играте се или ништо. И сакате кога некој се бори за вас. И во долготрајно додворување неможете да одолеете на оној згоден тип кој ве голта со поглед во лифт. Ако имате сомневање во верноста на партнерката, без грижа на совеста. Препуштете се на соседката од приземје на своја тајна еротска опсесија.

Стрелец – Стрелецот е шармантен и насмејан, сака да намигнува, остава броеви на телефони. Во сексот умее да биде многу добар љубовник. Склон е на аморални врски, сака секс во природа, под ведро небо, во автомобил, на забави, пред публика. Не е перверзен, туку сака здрав – спортски секс.

Јарец – Склони сте на авантури, но во фантазијата. Сепак вашите соништа понекогаш стануваат реалност. Оној кој ќе успее да ве фасцинира со своите професионални успеси и друштвен статус, има повеќе шанси да ве освои. Но тоа не е доволно. Повеќе од романса, посакувате сродна душа, некој кој ќе ви исполнува но и да ве разбира.

Водолија – Вие најчесто паѓате на првиот впечаток, физички изглед, особено ако сте маж. Необавезната авантура ве привлекува, така секогаш го задржувате она што ви е најважно. Личната слобода. Ако сте дама, понекогаш е доволна пријателска насмевка и разговор за заеднички теми, па до безизлезно флертување во нешто повеќе.

Риби – Вие не можете да живеете без љубов и оние погледи кои се кажуваат. Авантурите се за вас, бегство од суровиот свет кој ве плаши. Вашиот топол, искрен пристап и искрите во вашите очи можат да распламтат еротски жар кај повеќе додворувачи. Вас може да ве освои само некој како вас, некој кој никогаш не му е доста од нежности и љубов.

Пронајдете не на следниве мрежи: