Сакате ли дупка помеѓу нозете?!

Новиот тренд кој е сериозна закана за тежината на младите девојки во суштина е мошне слаба нога или дупка помеѓу бутините која се гледа кога личноста стои исправена.
Инспирација за ваквиот изглед се многуте манекенки од модните писти чија телесна тежина е помала од просечната. Друштвените мрежи се преполни со фотографии и обожавателки на „идеалните нозе“ кои секојдневно качуваат слики од претерано слаби девојки со криви нозе.Мрежата Tumblr јавно се огради од ваквиот тренд, а официјалните лица објаснија дека не ги охрабруваат блоговите кои го промовираат ова нездраво однесување.

 
Психологот Барбара Гринберг вели дека според статистиката дури 80 отсто од девојките не го сакаат своето тело сè додека не наполнат 17 години. Ваквиот однос кон сопственото тело во комбинација со активностите на друштвените мрежи доведува до тоа тинејџерките да стануваат пречувствителни и на најситните коментари.
Стручњаците тврдат дека самото гледање на слики од слаби и криви нозе може да доведе до самодеструктивно однесување бидејќи празнината помеѓу нозете за многу девојки  претставува нереална цел.
 Новиот тренд кој е сериозна закана за тежината на младите девојки во суштина е мошне слаба нога или дупка помеѓу бутин

Пронајдете не на следниве мрежи: