Сакате луѓето да ве почитуваат?-Еве неколку начини да го подобрите говорот на вашето тело!

Експерт за говор на телото Џенин Драјвер открила кои гестови ќе ви помогнат да стекнете почит од другите и да изгледате професионално на важен разговор. Направете: Потпрете се на лактите и придржувајте ја брадата.
„Тоа е нешто што гледаме дека моќните луѓе го прават- Стив Џобс на корицата на својата биографија. Тоа е поза во која изгледа дека мислите, гест кој вели- и кога времињата се тешки ќе се најде некое решение“
Немојте: Да ги вовлекувате усните
„Доколку ги вшмукувате усните додека разговарате со некого, ќе изгледа како да задржувате нешто за себе. Дека ви е непријатно да го споделите“
Направете: Соберете ги врвовите на прстите и обликувајте пирамида
Така ставате акцент на вашиот авторитет. Тоа го прават сите моќни личности.

 
Немојте: Да ја навалувате главата на една страна
Никогаш не кажувајте важни информации навалувајќи ја главата на една страна- ќе изгледа дека не стоите зад тоа што сте кажале. Ако само разговарате нешто несериозно може да го правите тоа но водете сметка на која страна се навалувате. На десно- изгледате атрактивно, а на лево- интелигентно. 
Направете: Прекрстете ги рацете
Веројатно сте слушнале дека со прекрстени раце изгледате недружељубиво- што и има смисла, доколку личноста со која разговарате не ве познава. Но, ако сте во друштво на пријателите- СЛОБОДНО! Тоа ви помага да ги решите проблемите, затоа што ги активира двете страни од телото а со самото тоа ги активира и двете страни од мозокот- левата односно логичната и десната односно креативната. Со прекрстени раце давате сигнал дека сте истрајни во решавање на дилемите. 
Немојте: Да го брчкате  носот
Особено кога зборувате со мажи или жени кои ве привлекуваат. Тоа е универзален знак за гадење. На тој начин покажувате дека не ви се допаѓаат. Направете: Потпрете се на лактите и придржувајте ја брадата.
„Тоа е нешто што гледаме дека моќните луѓе го прават- С

Пронајдете не на следниве мрежи: