Кога следното, а и секое наредно утро ќе станете, прво што би требало да направите е да испиете чаша топла вода со една лажица лимонов сок.Кога велиме лимонов сок, не мислиме на флаширан, туку на свежо цеден лимон.
Ова моќно овошје има бројни благодети за човековиот организам. Покрај тоа што е богат со магнезиум, калциум, железо, витамин Ц и Б содржи и антиоксиданси, влакна и ензими.
Оваа едноставна рутина може навистина да направи чуда за вашиот живот.
Го чисти црниот дроб
Овој едноставен напиток го прочистува еден од најважните човечки органи, го стимулира дигестивниот тракт и ја подобрува работата на цревата и флората.
Како да го исчистите црниот дроб на природен начин? Прочитајте >>> ТУКА
Ја чисти кожата
Ако сакате да имате чист нежен и убав тен, не се откажувајте од овој рецепт. Антиоксидансите кои се наоѓаат во лимонот, помагаат во регенерација на ќелиите како и во борбата против слободните радикали, особено во летниот период.
Метаболизам
Познато е дека лимонот е природен диуретик и дека помага при исфрлање на вишокот течности од организмот. Веќе споменавме дека ја поттикнува работата на цревата и токму поради тоа е идеален со него да го започнете денот.
Енергија
Шолјата топла вода со лимон ќе ве разбуди многу побрзо отколку кафето, а секако е и поздрава варијанта. Ако сепак не сакате да се откажете од кафето, испијте еден час после ова енергетско будење.
Антиканцерогено дејство
Токму поради тоа што е богат со антиоксиданси, ова суперовошје го намалува ризикот од канцерогени заболувања. Интересно е тоа што иако е кисел, лимонот во организмот создава базна средина што е многу важно за здрав организам.Кога велиме лимонов сок, не мислиме на флаширан, туку на свежо цеден лимон.
Ова моќно овошје има бројни благодети за човековиот организам.



